Нови наслови

Правилото 10х - Грант Кардон

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Правилото 10х е светиот грал за луѓето што сакаат да успеат. Тоа ги утврдува најсоодветните нивоа на дејствување и осигурува дека ќе продолжите да функционирате на тие нивоа во текот на целиот ваш живот и професионална кариера. Ќе ве ослободи од стравовите, ќе ви ги зголеми храброста и самодовербата, ќе ги елиминира одолжувањето и несигурноста и ќе ви даде чувство за цел – а со тоа вашиот живот, вашите соништа и вашите цели ќе доживеат преродба.

Читај повеќе: Правилото 10х - Грант Кардон

 

21 лекција за 21 век - Јувал Ноа Харари

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Што точно се случува сега? Кои се најголемите предизвици и избори што стојат пред човештвото? Зошто демократијата е во криза? Што можеме да направиме за епидемијата од лажни вести? Која цивилизација доминира со светот? Што треба да ги учиме нашите деца? - Во дваесет и едно поглавје, секое длабоко и провокативно, се презентираат комплексните современи предизвици на јасен и достапен начин, предизвикувајќи го читателот да ги земе предвид вредностите, значењето и личниот ангажман во овој свет полн со неизвесност.

Читај повеќе: 21 лекција за 21 век - Јувал Ноа Харари

   

Живот, љубов, смеа - ОШО

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Книгата Живот, љубов, смеа истражува три нешта што нè прават човечни – нашата желба да ја осознаеме целта на животот, способноста да сакаме и способноста да се смееме.
Инспиративните приказни на Ошо го надминуваат нивото на вообичаена потрага. Живот, љубов, смеа воспоставува нов жанр на рефлективен и инспиративен текст што е ослободен од прозаичност и клишеа, целосно во согласност со вистинската природа на дваесет и првиот век.
Ошо луцидно ги спојува забавата и инспирацијата, древните зен-приказни и современите шеги, со цел да ни помогне да ја преоткриеме смислата на животот, да уживаме во љубовта и смеата, а со тоа – и во среќата.

Читај повеќе: Живот, љубов, смеа - ОШО

 

Икигаи - Ектор Гарсија (Кираи), Франсеск Миралјес

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Најдобро чуваната тајна на јапонската долговечност се нарекува икигаи. Значењето на тој збор може да се опише на различни начини, но сите тие водат кон едно – причина за живот! Јапонците велат дека секој има свое икигаи. Кога ќе го пронајдете, имате сè што ви е неопходно за долг и среќен животен пат.
Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот, и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес.

Читај повеќе: Икигаи - Ектор Гарсија (Кираи), Франсеск Миралјес

   

Крвава венчавка - Пјер Леметр

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Софи е млада вдовица која секое утро се буди со солзи во очите, и грутка во грлото; прогонувана од визии од минатото, и црни дупки во нејзината меморија. Едно кобно утро; под сомнителни околности беше пронајдено безживотното тело на 6 годишниот Лeо – склупчен, со зглобовите врзани за глуждовите, и длабок рез околу вратот од врвка на чевлите на Софи – таа не се ни сеќава како го убила детето, на кому му беше дадилка.

Читај повеќе: Крвава венчавка - Пјер Леметр

 

Клучот на Сара - Татијана де Роснај

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Сара, десетгодишна Еврејка е брутално упасена од француската полиција, заедно со нејзината мајка и татко. Очајна да го заштити својот четиригодишен брат го заклучува во шкаф, со надеж да се врати по него во текот на денот.
Париз, 2002 година. Џулија, американска новинарка, по повод 60 годишнина од постоењето на „Вел ‘д’ Хив“, добива задача да напише статија за конвојот кој одведе илјадници еврејски мажи, жени и деца во логори, директно до последната станица – смртта.

Читај повеќе: Клучот на Сара - Татијана де Роснај

   

Страница 10 од 65

Сподели на Facebook