Нови наслови

Колатерална штета - Линет Исон

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Исаија Џејмс умира на рацете на воениот психијатар Брук Адамс при експлозија во кафуле во Кабул, при што таа се спасува здобивајќи се со тешки изгореници. По долгото лекување Брук се враќа во својата земја и продолжува да работи како психијатар.

Читај повеќе: Колатерална штета - Линет Исон

 

Чук, чук - Андерс Рослунд

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Пет црвени свеќички на тортата. Исчекување. Како можеше Зана да знае дека овој ден ќе им го промени животот на толку многу луѓе? А сè што сакаше беше да си ја испее „Среќен роденден“.
Кога Еверт Гренс ќе влезе во станот во Стокхолм, останува зашеметен од смрдеата на расипана храна, но и на нешто многу пострашно. Тоа што ќе го види ќе му остане длабоко врежано во сеќавањето.

Читај повеќе: Чук, чук - Андерс Рослунд

   

Пукнатина - Јозеф Карика

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Приказната во „Пукнатина“ започнува со пронаоѓањето на стари аудиозаписи на плочи во една стара душевна болница. Загадочната исповед на лунатикот Валтер Фишер го води нараторот во потрага по вистината во една од најголемите словачки мистерии – онаа за исчезнувањето на луѓе на планината Трибеч. Низ романот се провлекува симболиката на „пукнатината“ помеѓу два света, помеѓу рационалното и ирационалното, видливото и невидливото, она што може да се докаже, но и она што може само да се насетува со „шестото сетило“.
Легенда, намерна мистификација или застрашувачка реалност?

Читај повеќе: Пукнатина - Јозеф Карика

 

Дабот сè уште e тука - Софија Лундберј

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Потресен роман за копнежот, вината, бесмртното пријателство и пронаоѓањето животна рамнотежа по разурнувачката врска.
По тешкиот развод, на Естер ѝ се чини дека нејзиниот живот ја загубил смислата. Најболни ѝ се викендите што не ги поминува со синот. Во тие денови, секоја втора недела, оди кај стариот даб што расте крај водата. Еден ден под дабот ја среќава Рут, возрасна дама што има прекрасна особина секогаш да се насочи само врз тоа што е убаво во животот.

Читај повеќе: Дабот сè уште e тука - Софија Лундберј

   

Срца од цимет - Џенифер Хилиер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Колку далеку можеш да ги закопаш своите тајни? И да ја скриеш тагата? Колку долго може да се извлечеш со лагите? И колку долго можеш да живееш со тоа?
Ова е приказна за тројца најдобри пријатели: онаа што беше убиена, онаа што отиде во затвор и оној што ја бара вистината сите овие години…
Кога имаше шеснаесет години, Анџела Вонг – една од најпопуларните девојки во своето училиште – исчезна без трага.

Читај повеќе: Срца од цимет - Џенифер Хилиер

 

Вознемирени луѓе - Фредрик Бакман

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Вознемирени луѓе“ е апсурдна комедија за заложничка драма што се случува среде презентација на стан за продажба.
Неуспешен ограбувач на банка се затвора со група луѓе со чудни, необични карактери. Разбојникот на крајот ќе се премисли и ќе ги пушти сите заложници, но, кога полицијата влегува внатре, станот е – празен.

Читај повеќе: Вознемирени луѓе - Фредрик Бакман

   

Страница 2 од 65

Сподели на Facebook