Нови наслови

Убавите девојки танцуваат - Кајли Брант

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Келси беше 14 годишно девојче кое исчезна пред 7 години – се претпоставува дека е мртва. Последиците од исчезнувањето за семејството на Келси беа; рингишпил на ужаси кои резултираа со колекција на апчиња во боја на виножито. После 7 години исчезна уште едно девојче. Друго семејство претрпува лична трагедија од која раните не исчезнуваат – загубата беше фингиран ѕвер што можеше да проголта цела личност. Агентот Марк; води паралелна истрага за животот на двете девојчиња, која открива индиции за една вистина потемна и од мрак – Постоеше ли казна полоша и од смртта?

 

Совршени остатоци - Хелен Филдс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На оддалечена планина гори телото на Елејн. Преостанува само да се идентификува почитуваната адвокатка – преку остатоци од заби, и еден фрагмент од нејзината облека. Во скриена задна соба, на една куќа во Еднибург, вистинската Елејн вреска во темнината, плашејќи се од нешто, кое е многу повеќе од физичка болка. Инспектор Лук Каланах, зад себе остави ветувачка кариера во Интерпол – желен да се докаже на новиот тим во локалното подрачје. И кога едвај стапна во новата канцеларија, случајот за исчезнатата жена прерасна во истрага за убиство, во кој, убиецот ги сокрива трагите со внимателна прецизност.

Читај повеќе: Совршени остатоци - Хелен Филдс

   

Коски на срцето - Колин Хувер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Животот и безвредното презиме се единствените две работи што родителите некогаш ѝ ги дале на Бeја Грим. Откако потполно сама си го пробива својот пат во животот, Беја е насочена кон поголеми и подобри нешта, сето тоа благодарение само на самата себе. Кога само два кратки месеци ја делат од иднината за која сонува цел живот и од минатото кое очајно сака да го остави зад себе, неочекувана смрт ја става во ситуација да остане без кров над главата.

Читај повеќе: Коски на срцето - Колин Хувер

 

Градината на пеперутките - Дот Хачинсон

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во една изолирана стаклена палата има стаклена градина. Во оваа градина растат разнобојни цветови, бујни дрвја…и колекција а бесценети пеперутки – млади жени кои биле киднапирани и тетовирани во пеперутки.
Градинарот; брутален, изопачен човек, опседнат со фаќање и зачувување на неговата колекција пеперутки-жени. Убавината, очајот и стравот беа насекаде присутни. Кога ќе се открие градината, се носи преживеан на распит. Агентите од ФБИ имаат задача да го разоткријат најкомплицираниот случај во нивната кариера.

Читај повеќе: Градината на пеперутките - Дот Хачинсон

   

Добра Лоша девојка - Мајкл Роботам

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Еви е девојче со мистериозно минато; Згрижена во дом за деца со највисок степен на заштита и безбедност. Таа беше откриена пред 6 години во тајна соба во куќа – со труп во распаѓање на човек прицврстен со каиши за стол, измачуван до смрт. Девојчето живеело со трупот со месеци; Бушаво, дивооко, нескротливо диво суштество. Повеќе животно – отколку човек. Асоцијална, и агресивна не дозволуваше никој да ја допре и никому не го откриваше нејзиниот идентитет.

Читај повеќе: Добра Лоша девојка - Мајкл Роботам

 

Работите што не можеме да ги кажеме - Кели Ример

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во 1942 година за време на Втората Светска војна, во Полска, Томаш ја запроси Алина. Од тогаш таа го мереше времето до секое следно видување. Но, откако нацистите го окупираа местото, тие наоѓаа нови длабочини на суровост; неа ѝ преостана само да го мери просторот помеѓу очајот и надежта за животот на нејзиниот сакан – Томаш. Во 2019 година, Алис – внука на Алина, целосно и се промени животот кога на нејзиниот син му е дијагностициран – Аутизам. Таа прави сѐ за да го зачува својот брак.

Читај повеќе: Работите што не можеме да ги кажеме - Кели Ример

   

Страница 11 од 65

Сподели на Facebook