Нови наслови

Ирене - Пјер Леметр

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Командант Верховен; живее идиличен живот со неговата прекрасна сопруга Ирене, кои очекуваат дете. Неговата кариера предизвикува публицитет на завидно ниво, сѐ до оној момент кога се појавува брутален сериски убиец. Убиецот; желен за слава, реконструира убиства од сцени на класични криминалистички романи. Медиумите го нарекуваат – „Романсиерот“. Општеството беше негов театар, актери беа реалистични жени кои се смееа или плачеа со вистински солзи. Највалканите области ги претвора во метафора на очајот. Љубовта од неговите сцени добиваше акутен вкус на трагедија.

Читај повеќе: Ирене - Пјер Леметр

 

Очи од сребро, очи од злато - Елен О’Конел

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ен Велс е срам за своето ладно, културно семејство уште од нејзините детски денови, полни со будалштини и лапсуси кои не ѝ доликуваат на една млада дама. Нејзиното семејство ги обвинува токму тие будалштини за срамниот факт што таа е стара мома на дваесет и осум години.
Корд Бенет, син од вториот брак на неговиот татко со Индијанка, исто така е црна овца во своето семејство. Тие се богати ранчери и адвокати кои се срамат, па дури и се плашат од него.

Читај повеќе: Очи од сребро, очи од злато - Елен О’Конел

   

Фрагменти од слики - Иан В. Сејнсбјури

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Там е 11 годишно девојче; Таа иако никогаш немаше покажано интерес за визуелна уметност, цртежите кои ги црташе во состојба на делириум беа толку реалистични места – каде што никогаш не била.
Нејзиниот татко Бредли беше внимателен кон своето семејство, и посветен на работата – генетско истражување и современи методи на ослабените невролошки кондиции.

Читај повеќе: Фрагменти од слики - Иан В. Сејнсбјури

 

Наследство на шпионите - Џон Ле Каре

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Приказната се движи околу Питер Гилам, лојален колега и ученик на Џорџ Смајли од британската тајна служба, позната како „Циркусот“. Тој е пензионер и живее на семејната фарма на јужниот брег на Бретања кога добива писмо од неговата стара служба што го повикува во Лондон. Причината? Неговото минато од Студената војна се врати и сега си го наплаќа долгот.

Читај повеќе: Наследство на шпионите - Џон Ле Каре

   

Тркачот - Стивен Кинг

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Бен Ричардс нема работа и нема среќа. Неговата осумнаесетмесечна ќерка е болна и ниту Бен ниту неговата сопруга не можат да си дозволат лекар. За човек од сиромашната страна на градот без пари и надеж, постои само едно нешто што може да го направи: да стане натпреварувач во една од Игрите на Мрежата, шоуа во кои можеш да заработиш повеќе пари отколку што некогаш си сонувал – или да умреш. Бен станува дел од најгледаното шоу и е на пат да стане плен на масите...

 

Машини како мене - Ијан Мекјуан

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Дејството на овој извонреден роман се одвива во алтернативна историја и е сместено во Лондон во осумдесеттите години на минатиот век. Чарли, интелигентен, но мрзлив млад човек, го избегнува вработувањето со полно работно време, наследството го вложува во ситни ризични инвестиции на берзите и е вљубен во сосетката Миранда. Кога ќе заработи извесна сума пари, купува човеколик робот, Адам.

Читај повеќе: Машини како мене - Ијан Мекјуан

   

Страница 12 од 65

Сподели на Facebook