Нови наслови

Убиството на Султанот - Ахмет Умит

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Приказната се одвива во Истанбул, а започнува кога професорот Муштак Серхазин добива телефонски повик од Нузхет, жената која дваесет години порано го напуштила и отишла да живее во Чикаго. Кога таа, по две десетлетија нејавување лежерно го кани на вечера, како работите меѓу нив да се сосема нормални, Муштак доживува силен емоционален стрес. Муштак страда од ретко пореметување, краткотрајно губење на сеќавањето…
Кога ќе доживее силна возбуда му се случува на неколку часа да го изгуби чувството за сопствен идентитет и за она што го работел или каде бил.

Читај повеќе: Убиството на Султанот - Ахмет Умит

 

Украденото дете - Санџида Кеј

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По неколку неуспешни обиди за свое биолошко бебе, Оли и Зои добиваат повик дека конечно ќе станат родители. И покрај предупредувањата од службените лица и лекарите да не ù даваат име на својата ќерка, бидејќи така само би им било потешко, Оли и Зои не ги послушуваат. Одлучуваат да ù дадат име Евелин Кетрин Морли или нагалено Еви.
И покрај сите можни ризици, за тоа дека може да има оштетување на мозокот или дури и да почине поради предвременото раѓање, доволни се само неколкуте зборови од сопругот: „Сè ќе биде во ред“.
Но, дали навистина ќе биде така?

Читај повеќе: Украденото дете - Санџида Кеј

   

Куќата со жолта фасада - Билјана Мартиновска

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Едно необично и неочекувано запознавање, целосно го менува животот на младата Ева и засекогаш ѝ го заробува срцето. Љубовта која се разви од тој магичен момент, е толку волшебна што ни самата не може да поверува. Среќниот и исполнет живот со Виктор, е многу повеќе од она што таа верува и очекува од еден маж. Нивната приказна е завиена во мистериозноста на неговото појавување во нејзиниот живот и настаните кои само ја зацврстуваат љубовта меѓу нив.

Читај повеќе: Куќата со жолта фасада - Билјана Мартиновска

 

Манипулаторот - Дејвид Унгер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По сите индикатори, Гиљермо Розенсвајг е олицетворение на успехот. Тој е член на гватемалската елита, има успешна адвокатска кариера, има жена и деца и низа прекрасни љубовници. Меѓутоа еден ден патиштата му се вкрстуваат со либанската заносна убавица Маријам, во која очајно се заљубува… до таа мера што кога во моментот ја губи неа, тој не гледа друга опција освен да си ја инсценира сопствената смрт.

Читај повеќе: Манипулаторот - Дејвид Унгер

   

Стапица - Лилја Сигурдардотир

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

После разводот, младата и привлечна мајка Со­­ња, се обидува да го добие и да го задржи старателството над нејзиниот син. Во исклучително тешка животна ситуација, таа се впушта во шверц на кокаин за Исланд и одеднаш е заглавена во канџите на безмилосниот криминален свет. Додека очајно го бара излезот од неволјите, уценета и крваво претепана, таа е принудена да применува нови и смели тактики, но не успева да го надму­дри Браги – цариникот со долгогодишно искуство.

Читај повеќе: Стапица - Лилја Сигурдардотир

 

Човек од костени - Сорен Свејструп

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ако го најдеш, готово е. Тој веќе доаѓа по тебе.
Сè започна едно утро кога полицијата пронајде тело на убиена жена во мирното предградие на Копенхаген. Од тој момент, граѓаните живеат во страв од немилосрдниот убиец чиј потпис е „човек од костени“ – кукла направена од кибритчиња и два костени, што ги остава на секое место на злосторството. Додека ги проучуваат трагите, форензичарите ќе дојдат до шокантно откритие: отпечатокот од прстот е од девојчето што исчезна пред една година и го сметаа за мртво.

Читај повеќе: Човек од костени - Сорен Свејструп

   

Страница 13 од 65

Сподели на Facebook