Нови наслови

Заколната на молк - Линда Кастиљо

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Некои вистини се толку ужасни, што е подобро никогаш да не се разоткријат… Некои злосторства се премногу незамисливи за да бидат решени…
Во едно мало, мирно рурално гратче во Охајо, Амишите и останатите жители живееле сложно два века. Но пред шеснаесет години, серија брутални убиства го уништиле мирот во спокојната фармерска заедница. По злосторствата, во градот владее немир, има некоја ранливост и невиноста е засекогаш изгубена.

Читај повеќе: Заколната на молк - Линда Кастиљо

 

Ехо на љубовта - Хана Филдинг

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Сѐ што знам е дека ти ја осветли мојата темнина со блескава
светлина и сега сите струи од моето битие течат кон тебе.
Ти, само ти можеш повторно да ме соединиш во една целина.
Длабоко разочарана во љубовта, младата Вениша заминува во Италија и таму почнува нов живот. Како успешен архитект, таа со години внимателно градела непробојна тврдина околу сопственото срце. Но, кога една карневалска вечер во Венеција таинствениот Паоло ја спасува од маскираните напаѓачи, нејзините заспани чувства ќе се разгорат со силен пламен.

Читај повеќе: Ехо на љубовта - Хана Филдинг

   

Во весниците пишува сè ... (а нешто и не) - Крешимир Мишак

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 10 октомври 1990 година, пред невладината Комисија за човекови права, едно петнасетгодишно девојче од Кувајт сведочи дека ирачките војници ги ваделе новороденчињата од инкубаторите и потоа ги оставале да умрат. Само во текот на следната недела, Џорџ Буш ја повторува приказната барем десет пати; американското јавно мислење за воена интервенција во Кувајт се менува преку ноќ. САД се вмешува во Ирачко-Кувајтскиот судир и почнува Заливската војна.

Читај повеќе: Во весниците пишува сè ... (а нешто и не) - Крешимир Мишак

 

Црвената сестра Мери - Џулија Петеркин

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Црвената сестра Мери е роман од 1928 година, чиј автор, Џулија Петеркин, е добитник на Пулицеровата награда за литература. Дејството на романот се случува во Јужна Каролина, на почетокот на дваесеттиот век. Главниот лик, Мери, е сираче кое пораснало на плантажата на тетка Хана и нејзиниот куц син, бато Бен. Описот „Црвената сестра“ се однесува на главниот конфликт во романот во кој Мери е растргната помеѓу желбата да има добра репутација во својата црковна заедница и желбата да живее живот исполнет со грев и задоволства....

   

Музиката на тишината - Андреа Бочели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Не мора да сте оперски љубител за да ги цените прекрасно напишаните мемоари од светски познатиот тенор Андреа Бочели. Роден меѓу лозјата во Тоскана, Бочели сеуште бил бебе кога развил глауком. Музиката која се филтрираше во неговата соба го смири несигурното дете. На возраст од дванаесет години тој беше сосема слеп, но неговата страст кон музиката донесе светлина во неговиот живот.
Овде Бочели ја открива болката од неговото слепило и трансцедентното искуство во пеењето.

Читај повеќе: Музиката на тишината - Андреа Бочели

 

Реконструкција - Викторие Ханишова

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Мајка го убива својот четиригодишен син и се самоубива, без да остави проштално писмо ниту какво било објаснување на трагичниот настан. По смртта на братчето и мајката, Елишка расне со десетгодишна празнина наместо детство. Нејзиниот живот се распаѓа на два дела: едниот го живее деветгодишното девојче во нормалното четиричлено семејство, а другиот го живее студентката Елишка, која одлучува да го расветли кобниот настан.

Читај повеќе: Реконструкција - Викторие Ханишова

   

Страница 14 од 65

Сподели на Facebook