Нови наслови

Печуркарката - Викторие Ханишова

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Младата Сара веќе седум години оди по истата патека во шумата, од пролет до есен собира печурки, кои потоа ги продава во една кафеана. Не се зближува со никого и не го напушта својот печуркарски реон. Само одвреме-навреме оди кај својот психијатар за да ја потврди својата урамнотежена душевна состојба. Затоа и веста за смртта на мајка ѝ не го менува нејзиниот живот. Оди на погребот, се среќава со двајцата браќа, од кои одамна се отуѓила, и пак се враќа в шума.

Читај повеќе: Печуркарката - Викторие Ханишова

 

Тивки години - Алена Морнштајнова

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Богдана е затворена девојка која живее со својот студен татко и со добродушната Бјела. Измачена е од напнатоста што владее во нивниот дом и од тајната што не престанува да ѝ се мота низ главата: Зошто нејзината тешко болна баба за време на последната посета ѝ се обрати со „Бланка“? Дознајте зошто романот Тивки години е најпродаваниот роман во Чешка во 2019 година.

   

Непобедливата седумка - Мартин Фарнер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Оваа книга се чита онака како што самиот автор, преку зборовите на нараторот, го опишува качувањето по карпи. Те привлекува првата приказна, па се зачитуваш. Тогаш сѐ уште мислиш дека можеш да ја оставиш книгава кога и да посакаш. Продолжуваш, па во следниот миг кога „ќе погледнеш удолу, веќе не можеш да се вратиш“, не можеш да ја оставиш.

Читај повеќе: Непобедливата седумка - Мартин Фарнер

 

Животот на Наполеон Бонапарта - Џон Абот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Џон Стивенс Кабот Абот, плоден американски писател на книги за христијанската етика и историја, е автор на Наполеон Бонапарта, историска биографија за францускиот генерал и првиот конзул на Француската република. Наполеон бил воен и политички лидер на Франција чии акции ја обликуваа европската политика во почетокот на 19 век. Бонапарта се истакна за време на Првата Француска Република и водеше успешни кампањи против Првата и Втората Коалиција. Во 1799 година, тој изврши државен удар и се нарече Прв конзул, а во 1804 година се круниса за Француски император

   

Роберт Шуман : Животот и смртта на еден музичар - Џон Вортен

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Оваа искрена, интимна и убедлива биографија нуди нова слика за животот на Роберт Шуман. Таа ја конфронтира традиционалната перцепција за романтичарот чијашто депресија го води во живот на беспомошна, потресна тага. Внимателната анализа на Џон Вортен ни открива дека Шуман бил остроумен, духовит и неизмерно решителен човек, кој – со мала поддршка од семејството и пријателите во провинцијата Саксонија внимателно го изучил својот занает како музичар, надминувал проблем по проблем во професионалниот живот, и се оженил со жената што ја сакал по огромната битка со нејзиниот татко.

Читај повеќе: Роберт Шуман : Животот и смртта на еден музичар - Џон Вортен

 

Волшебникот - Марк Џ. Сајфер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Волшебникот : Животот и времето на Никола Тесла - биографија на еден гениј Сајфер, Марк Џ. Никола Тесла Волшебникот - дури и радарот, го нарекуваат светец на модерната електроенергетика. Заснована на оригинални материјали и претходно недостапни документи, оваа реномирана книга е врвна биографија за човекот кој се смета за татко на современата електротехнологија. Меѓу изумите на Тесла се и насочувањето на наизменичната енергија, флуоресцентното и неонското осветлување, безжичната телеграфија и огромните турбини што ја искористуваат моќта на Нијагарините водопади.

Читај повеќе: Волшебникот - Марк Џ. Сајфер

   

Страница 15 од 65

Сподели на Facebook