Нови наслови

Сезан : Живот - Алекс Данчев

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Алекс Данчев ни ја дава првата сеопфатна оценка на револуционерното дело и немирниот живот на Пол Сезан. Еден од највлијателните сликари на своето време и пошироко, Сезан е уметник-креатор на модерното време, кој го смени начинот на кој го гледаме светот. Данчев ја раскажува приказната за уметник кој првично бил сметан за лудак, варварин и социопат, кој верувал дека уметноста мора да биде израз на темпераментот, кој имал семејство што го чувал тајно од својот татко до своите четириесетти години, кој ја имал својата прва изложба на возраст од педесет и шест години, но кој жестоко ги одржувал своите револуционерни верувања.

Читај повеќе: Сезан : Живот - Алекс Данчев

 

Океј сме- Нина Лакур

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Марин не прозборела со никој од нејзиното минато од моментот кога го остави зад себе. Никој не ја знае вистината за тоа што се случило во последните недели. Дури ни нејзината најдобра другарка Мабел. Но, и илјадници километри подалеку од брегот на Калифорнија, на колеџот во Њујорк, Марин сè уште го чувствува влечењето на животот и трагедијата што се обидува да ги преброди.
Сега, месеци подоцна, сама во празен студентски дом во текот на зимскиот распуст, Марин чека. Мабел ѝ доаѓа во посета, а таа ќе биде принудена да се соочи со сè што премолчила и конечно да ѝ се спротивстави на осаменоста што се вдомила во нејзиното срце.

 

 

   

Приказна за едно семејство - Роза Вентрела

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Осумдесетти. Летата во Бари минуваат со џагорот на децата кои се бркаат низ лавиринтите од тесни улички поплочени со камен, чаршафите што се сушат на терасите поигруваат на ветрот, а мирисот на домашните кујни продира и во најскриените агли. Марија расте заедно со своите двајца постари браќа, Џузепе и Винченцо. Таа е мало девојче со карактеристичен изглед: голема уста и две речиси ориентални очи што сјаат како блескави сечила.

Читај повеќе: Приказна за едно семејство - Роза Вентрела

 

П.С. Ми се допаѓаш - Кејси Вест

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Додека скита со мислите на часот по хемија, Лили ќе начкраба неколку стихови од нејзината омилена песна на клупата. Следниот ден открива дека некој ги продолжил стиховите на клупата и допишал порака за неа. Интригантно!
Наскоро, Лили и нејзиниот анонимен пишувач почнуваат да разменуваат писменца – споделуваат тајни, си препорачуваат бендови и се отвораат еден со друг.

Читај повеќе: П.С. Ми се допаѓаш - Кејси Вест

   

Архангел - Даниел Бибовски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ослободување на ѕверот
По завршувањето на најразорната војна во историјата, Третата светска војна, човековата цивилизација одлучува да го реорганизира светот, со помош на напреднатата технологија. Најголемото достигнување на здружениот труд е тест-населбата Архангел 2009, сместена на Антарктикот, најнегостопримливото место на Земјата.

Читај повеќе: Архангел - Даниел Бибовски

 

Јас и ти - Кристан Хигинс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

За љубов и брак треба двајца…
Една грешка, еден катастрофален развод може да те натера никогаш повеќе да не веруваш во брак и вистинска љубов. Харпер Џејмс има работа во која е страшно добра, куќа на плажа која ја обожава и тип кој го посакува скоро секоја жена во градот. Да, добро, фатално скршеното срце ја прави ладна, крута и затворена, но вака барем никој не може да ја повреди.

Читај повеќе: Јас и ти - Кристан Хигинс

   

Страница 16 од 65

Сподели на Facebook