Нови наслови

Последниот испит - Микаел Јорт, Ханс Розенфелд

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во една напуштена училишна зграда пронајдено е безживотно тело на реалити ѕвезда. Жртвата е врзана за стол и свртена со лицето кон аголот на собата.Неколку хартии со прашања се закачени за нејзиниот гол грб.Судејќи според бројот на нетоцни одговори, жртвата паднала на најважниот испит.Кога ќе се утврди дека ова е само едно во низата убиства на различни медиски личности, Себастијан и неговата екипа го превземаат случајот

 

Пандемониум - Лорен Оливер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Стариот живот е мртов. И старата Лена е мртва. Ја закопав. Ја оставив зад оградата, зад ѕидот од чад и пламен.
Во ова возбудливо продолжение на бестселерот „Делириум“, Лорен Оливер ја става Лена пред сосема нови предизвици и во многу опасности. Новата Лена е Невалидна – таа е дел од Дивината и движењето на отпорот, но е и многу посилна, поодлучна и посигурна во себе...

Читај повеќе: Пандемониум - Лорен Оливер

   

Ноќна шума - Џуна Барнс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Ноќна шума“, најпознатото дело на енигматичната Џуна Барнс, e еден од најраните романи од реномиран автор во кои експлицитно се обработува хомосексуалната љубов.
Делото минува низ цела одисеја од обиди и одбивања, редакции и цензури, сè додека Т. С. Елиот не ја препознае неговата несомнена вредност и не го препорача за објавување во годината на нацистичката Олимпијада.

Читај повеќе: Ноќна шума - Џуна Барнс

 

Сакам, значи постојам - Ана Јовковска

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

САКАМ во себе содржи цел еден друг свет на МОЖАМ! Тоа e оној внатрешен импулс на проактивност за подобрата ЈАС, подобар живот, подобар свет.
Се движам по тркалото на животот... Застанувам само пред сопките на љубовта, болката, слободата, емпатијата, родителството, дискриминацијата, егото и интегритетот.

Читај повеќе: Сакам, значи постојам - Ана Јовковска

   

Без каење - Колин Хувер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Морган има родено дете претерано млада. Заради тоа дете, се има омажено со првото момче од средно школо и целиот нејзин живот е една мирна, предвидлива и малку монотона песна. Таа и нејзината шеснаесетгодишна ќерка Клара се страшно различни и не ни сакаат да бидат слични. Морган, како и секоја мајка на тинејџерка, сака да се погрижи нејзината ќерка да не ги направи истите грешки што ги направила таа кога прерано останала трудна и морала да си ги стави на пауза сите соништа.

Читај повеќе: Без каење - Колин Хувер

 

Сите твои совршености - Колин Хувер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Колин Хувер се надминува себеси со моќна приказна за еден разнишан брак и едно старо, речиси заборавено ветување што би можело да го спаси.
На совршената љубов на Квин и Грахам ѝ се заканува нивниот несовршен брак. Спомените, грешките и тајните што се трупале низ годините сега ги влечат на различни страни и уште повеќе ја зголемуваат дистанцата меѓу нив. Единственото нешто што би можело да ги спаси е токму онаа работа што ги има донесено до работ на пропаста.

Читај повеќе: Сите твои совршености - Колин Хувер

   

Страница 17 од 65

Сподели на Facebook