Настани

Есеи за животот и делото на Св.Климент Охридски и Блаже Конески

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Тргај се од злото и прави добро!“ - Св.Климент Охридски
„О Тешкото! Зурли штом диво ќе писнат, штом тапан ќе грмне со подземен екот“ - Блаже Конески.

На ден 14.12.2021 година под менторство на наставничката по македонски јазик Зора Дамјанова, ученици од 9 одд. од ООУ „Гоце Делчев“ - Битола ни се претставија со прекрасни есеи за животот и делото на Св.Климент Охридски и Блаже Конески.

Им благодариме!

Подготвија: Вера Марковска и Ирена Колевска

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

 

Есеи за Блаже Конески од учениците од IX-a од OOУ„Стив Наумов“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Везилке, кажи како да се роди проста и строга македонска песна од ова срце што со себе води разговор ноќен во тревога бесна? - „Везилка“ - Блаже Конески
Прекрасни есеи за животот и делото на Блаже Конески пропратени со видео записи за двете најубави песни „Тешкото“ и „Везилка“ на 13.12.2021 година во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, ни презентираа учениците од IX-а одделение под менторство на наставничката по македонски јазик Ана Динковска-Божиновска од ООУ„Стив Наумов“ - Битола.

Повеќе фотографии од настанот на следниот линк: NUUB Facebook

   

Учениците од VII одд. од ООУ„Елпида Караманди“ за Блаже Конески

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Јас сакам да те знам проѕирна, далечна, мила од коприна те ткам, од јасна ѕвездена свила“ - Блаже Конески
На 10.12.2021 година во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола поетско читање имаа учениците од VII одделение од ООУ „Елпида Караманди“ - Битола под менторство на Маја Јанакиевска, наставник по македонски јазик и литература.

Овие ученици накратко ни кажаа за животот и делото на Блаже Конески и ни се претставија со  избор на песни како што се: Везилка, Тешкото, Љубов, Ноќна песна, Снег, Сон и др.

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

   

Страница 7 од 314

Сподели на Facebook