Градоначалникот Коњановски донираше книги со Брајово писмо во НУУБ „Св.Климент Охридски" - Битола
Последно освежено на Понеделник, 10 Јануари 2022 08:33 Објавено од Слободан Пачовски Понеделник, 10 Јануари 2022 08:22
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, донираше книги со Брајово писмо во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола. Со зголемувањето на библиотечниот фонд со овие лектирни изданија, се овозможува нивна достапност и за децата со оштетен вид.
Донацијата се реализира по повод Меѓународниот ден на Брајовата азбука 4 Јануари, а се состои од повеќе примероци на книгите Гоце Делчев од Ванчо Николески, Песни од Миладинов, Автобиографија на Григор Прчличев и Малиот Принц од Антоан де Сент Егзипери.