Настани

Пријавување на заинтересираните за присуство на настаните по повод патрониот празник на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани.  По повод патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и настанот по повод „2021 година - 100 години од раѓањето на Блаже Конески“, на ден 07.12.2021 година со почетокот во 18 часот во просториите на Библиотеката ќе се прикажи филм посветен на животот и делото на Блаже Конески.

Филмот „Бесмртноста на Блаже Конески“ е подготвен од авторката Искра Талевска, дипл. професор по англиски јазик и книжевност и ментор проф. д-р Силвана Нешковска.
Пријавувањето на заинтересираните е до 03.12.2021 година на емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите   со назнака за присуство на настанот за животот и делото на Блаже Конески.

Со оглед на Ковид протоколите местата се ограничени. Со што право на присуство ќе имаат прво пријавените се до моментот на пополнување на местата. Сите што ќе се пријават ќе добијат повратни информации за присуство.
На денот на настанот со себе треба да понесете сертификат за вакцинација, согласно препораките за одржување на културни манифестации во Ковид пандемија.

 

3 Декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со цел подигнување на свеста за правата на овие лица. Годинава во фокус е градењето на подобар свет за лицата со попреченост, свет кој ќе биде инклузивен, пристапен и одржлив за време и по завршувањето на пандемијата на коронавирусот.

Лицата со попреченост во целиот свет, но и во нашата земја, сè уште претставуваат една од најмаргинализираните групи во општеството, кои се диспропорционално засегнати од ефектите на пандемијата.
Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со попреченост. Но, како што велат многу здруженија, невладини организации, сојузи за лицата со хендикеп – не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.

НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола  веќе години е сојузник со лицата со попреченост. Нашата библиотека има обезбедено лесен пристап до библиотеката, се работи на дигитализација на книгите, спроведува најразлични работилници наменети за лицата со попреченост се со цел активно да се вклучат во сите сегменти на општествените активности.
Кога станува збор за олеснување на животната егзистенција за лицата кои навистина имаат потреба сами да покажат дека и тие можат да бидат дел од работната група, нашата библиотека тоа го докажа, преку вклучување на овие лица во работниот колектив.
Затоа потребно е сите заедно со нашата Библиотека да се обединиме и на било кој начин да им помогнеме на лицата со попреченост за достојно и квалитетно да уживаат во животот.

   

Кафе и книги со наши локални писатели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола овој пат на кафе беше со нашата писателка Елизабета Јончиќ. Таа е прекрасен соговорник кој секој збор го кажува со огромна скромност и самокритичност. Иако е родена во Прилеп, животот и работата ја носат во Битола. Сопруга, мајка на два прекрасни студенти, неуморен медицински работник и секако прекрасен писател се зборови кои накратко ја опишуваат.

Елизабета Јончиќ е автор на седум книги, автор на повеќе научни трудови, член на „Друштвото на писатели на Македонија“, на „Македонското научно друштво – Битола, а во моментов е  претседател на Друштвото на писатели „Битолскиот книжевен круг“ - Битола.

Секогаш на почетокот на средбата, сакаме да дознаеме кога и како таа почнала да пишува, се со цел подобро да ја запознаеме. Елизабета за своите почетоци ни раскажа една многу интересна приказна која кажува колку еден наставник може да препознае афинитети кај еден ученик. Таа ни раскажа: „Бев второ одделение, кога наставничката ни даде писмена работа по македонски јазик. Задачата беше да напишеме кратка песна за мајката. Јас од толкава возбуда толку го стегав моливот што одвај беше разбирлив ракописот. Кога ни ги даваше писмените назад, таа се насмеа и рече дека некој се трудел да биде поет, но јас не верував дека тоа се однесува на мене. Но, откога добив пофални зборови почнав повеќе да пишувам. Често учествував со мои творби на литературните конкурси, а имам добиено и награди. Една ми е посебно драга што ја добив тука во Битола на „Младински братски средби“. Тогаш добив II место на тема „Другарството е посилно од челик“.“

До сега Елизабета има објавено 5 книги  поезија, една книга со книжевна критика и една пиеса за деца. Таа исто така ни кажа дека покрај пишувањето книги, пишува и критики за поезија и проза. Нејзина прва книга е „Гола кожа и одблесок“, но кога ја запрашавме од сите нејзини книги да ни каже која и е најомилена таа ни кажа дека тоа е „Срце за сонце“, нејзината последна книга, која само што излезе во продажба. За оваа книга таа ни кажа:„ Оваа книга ми е многу драга, бидејќи зборува за светлината на луѓето, за сонцето во луѓето, за внатрешната борба на духот, за одбирот помеѓу доброто и злото, за луѓето како сонце, за очите сонце...

Секој разговор со писател течи толку брзо, и секогаш има уште многу што да се каже, но ние овој разговор го привршивме посакувајќи ѝ уште многу успеси, а таа не испрати со моќна порака до нашите верни читатели:„Да ги сакаме книгите. Спрема нив да се однесуваме со љубов и радост. Нивните патеки содржат бесконечни извори и избори од нови димензии и неоткриени можности што треба да се освојуваат.. Да го чуваат сонцето во срцето и да се радуваат на животот, да ги читаат македонските автори и да веруваат во моќта на својот исконски јазик.“

Повеќе фотографии од средбата на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

   

Страница 11 од 314

Сподели на Facebook