Настани

Онлајн конференција “Виртуелни интернационални конекции“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 22.11.2021 година се одржа онлајн конференцијата „Виртуелни интернационални конекции : Глобална програма за размена на библиотекари“ (Virtual International connections : The Global Librarian Exchange Program) организирана од АЛА-Тркалезна маса за меѓународни односи и Универзитетската библиотека од Мичиген, САД.

На оваа меѓународна конференција учество зедоа м-р Фатма Бајрам Аземовска - виш библиотекар и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски - библиотекар од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.
Нашите библиотекари имаа можност да ја претстават својата библиотека и својата земја, помеѓу библиотеките од целиот свет, и да бидат дел од програмата која е планирана за 2022 година.

Оваа програма нуди можност за размена на искуства помеѓу библиотекарите од целиот свет, искуства поврзани со работењето во разни сектори од библиотеките.
На конференцијата беа споделени искуства и заклучоци од овогодинешната размена на библиотекарите, по што сите учесници имаа право да поставуваат прашања на кои одговор даваа организаторите. Иако временските разлики беа огромни, конференцијата се одвиваше со огромна заинтересираност од учесниците.

 

Одбележување на 20 Ноември - Светскиот ден на детето

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го означи 20 Ноември како Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата како рамноправни членови на секое општество имаат свои права и истите треба да се почитуваат.
По тој повод, НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола го одбележа 20 Ноември - Светскиот ден на детето, преку онлајн работилница со учениците од III-4 од ОУ„Тодор Ангелевски“ - Битола под менторство на наставничката Драгана Шерденков.

Учениците ни подготвија и прочитаа нивни авторски песнички посветени на детето, а истите ги збогатија со прекрасни цртежи на кои доминираа децата, виножитото и срцето. Кога ги запрашавме што им  симболизира срцето, тие сите одговорија дека тоа им симболизира другарство и љубов кон другите деца. Дека сакаат да другаруваат и нивното другарство ништо да не може да го спречи.

Подготвил: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook

   

Марија Малгожата Мачковска добитник на наградата Рицерски крст - Орден за заслуги на Р. Полска

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 18.11.2021 година нашата драга колешка Марија Малгожата Мачковска, вработена во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола ја доби престижната награда „Рицерски крст - Орден за заслуги на Р.Полска“ од претседателот на Р. Полска Анджеј Дуда.
Оваа престижна награда се доделува уште од 1923 година на лица кои и дале заслуга на државата или на граѓаните со извршување на дела што го надминуваат опсегот на нивните вообичаени должности, кои носат значителна корист за државата или граѓаните, јавна посветеност и добротворни цели.

„Секогаш ме исполнува со гордост кога слушам дека моите сонародници придонесуваат за градење на просперитетот на другите земји, за нивниот развој“ - рече претседателот на Полска Анджеј Дуда.
Малгожата Мачковска е претседател на огранокот на Друштво за македонско - полско пријателство и соработка „Висла“.
Таа е креатор, организaтор на традиционалниот концерт „Шопенова вечер“ кој се одржува веќе 28 години во општина Битола со соработка со Државно музичко училиште - Битола и Амбасада на Р. Полска во Скопје, организатор на разни културни манифестации, популаризатор на полската култура во нашата држава, како  и иницијатор на културна соработка помеѓу двете држави.

Повеќе фотографии од овој настан на нашата web страница: NUUB Facebook

 

 

   

Страница 14 од 314

Сподели на Facebook