Настани

Промоции 03.10.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРОМОЦИЈА НА АКАДЕМИК  ВИКТОР ФРИДМАН

По повод годината на одбележувањето на македонскиот јазик 2008, во салата за промоции на Библиотеката на ден 3.10.2008 година, со почеток во 12 часот во организација на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола се одржа Промоција на академик Виктор Фридман по повод наградата “Духовен воин” што му ја доделува Меѓународната асоцијација “Македонски духовни конаци”. Промотор беше проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, а наградата му ја врачи поетесата Светлана Христова Јоциќ, Претседател на споменатата Меѓународна асоцијација. На промоцијата свое обраќање кон присутните имаше и ректорот на Универзитетот проф. д-р Златко Жоглев.

 

Промоции 26.09.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ДВД

Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола на ден 26.09.2008 година, (петок) во салата за промоции со почеток во 12 часот организираше промоција на книгата “ПЕСНИ” (од ракопис до книга) Ванчо Николески. Книгата ја уредиле: Анета Стефановска, Науме Ѓоргиевски, Милка Котевска. Промотор на книгата беше писателот за деца од Скопје Горјан Петревски.

   

Промоции 05.06.2008 г

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола, во рамките на манифестациите “Битола град на културата 2008” и “2008 година, Година на македонскиот јазик” на ден 05.06.2008 година, (четврток) и 06.06.2008 година, (петок) во салата за промоции на Библиотеката со почеток во 12 часот организираше промоции на две книги.
   

Страница 304 од 314

Сподели на Facebook