Настани

Промоции 04.04.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Л И Т Е Р А Т У Р Н А  С Р Е Д Б А

Националната  установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” - Битола, Издавачката куќа “Макавеј”- Скопје и Генералниот конзулат на Р. Бугарија во Битола на 04.04.2008 година (петок) во 12 часот, во салата за промоции организираја Л И Т Е Р А Т У Р Н А  С Р Е Д Б А со ЕЛКА ЊАГАЛОВА поетеса од Република Бугарија и промоција на нејзината книга “НИЕ”. Промотори на книгата беа: Санде Стојчевски и Бранко Цветковски од Скопје.

 

Промоции 07.03.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРЕДАВАЊЕ И ИЗЛОЖБА НА КНИГИ

По повод 8 Март - Денот на жената, Здружението на уметници ракотворци “Македонски ракотворби” - Битола и Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Битола,. на 07.03.2008 година,  во салата за промоции на Библиотеката во 18 часот организираја Трибина на тема “Жената низ традицијата и современото живеење” воведничар на темата беше г-ѓа  Павлина Јовановска. Со свои излагања учество зедоја и г-ѓа Јулијана Петровска претседател на ЗУР, г-ѓа Даринка Крстанова почесен конзул на Руската Федерација во Битола, г-ѓа Марија Герас - Дочовска претприемач од Битола и г-ѓа Биљана Опашинова од организацијата на жени од Битола а во холот на Библиотеката беше отворена Изложба на книги насловена како “Жени писатели од Македонија”.

   

Промоции 21.2.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

ПРОМОЦИЈА НА ИЗДАНИЈАТА:

-Чехословачки дипломатски документи за Македонија, во избор и редакција на проф. д-р Новица Велјановски и проф. д-р Јан Рихлик и Крсте Мисирков, Писма, 1912-1917, во предговор и редакција на д-р Ростислав Терзиоски

Промотор проф. д-р Новица Велјановски

- Македонија во времето на Османлиското владеење, во редакција на д-р Драги Ѓоргиев и

- Турски документи за оружените борби во Македонија 1903-1908, во превод, редакција и коментар на д-р Драги Ѓоргиев

Промотор д-р Драги Ѓоргиев

   

Страница 307 од 314

Сподели на Facebook