Аферата Колумбо
Четврток, 09 Ноември 2017 10:13
Семејна тајна, безмилосен фанатик и продолжена рака на американската влада - сето ова е поврзано со една неверојатна приказна.
Што ако се што знаеме за откривањето на Америка е лага? Што ако таа лага е измислена за да се скрие тајната зошто Колумбо пловел во 1492 година? И што ако тајната што е чувана 500 години може насилно да го промени современиот политички свет?
„Горе е тивко“
Понеделник, 06 Ноември 2017 14:52
Спокојно раскажана приказна под чија површина вријат страсти и неспокојни размисли за вината и личната одговорност.Откако неговиот брат близнак загинува во сообраќајна несреќа, Хелмер е принуден да се откаже од студиите и да остане на малата семејна фарма, помирувајќи се што мора да го мине животот „со главата под крава“. Сите години zе врзан за фармата и не се оженил, измачуван од премолчаното чувство дека татко му повеќе го сакал другиот брат, кој требало да ја наследи фармата. Романот почнува триесет години по трагичниот настан, кога Хелмер го преселува неподвижниот татко на горниот кат за да може да го преуреди долниот дел од семејната куќа по своја желба.



Романот „Војници со гумени чизми“ на македонскиот писател Ивица Челиковиќ е драматична и страсна приказна за копнежот и љубовта, за растењето и пронаоѓањето на својот животен пат. Современ роман-потсетник на едно бурно време во кое заедно со големата држава се распаѓаа и многу семејства и надежи, кога се бришеа границите меѓу чувствата и разумот, меѓу реалноста и човечките соништа.
Во една летна вечер во 1984 година, во мало предградие на Даблин се случува ужасна трагедија. Три деца одат да си играат во блиската шума, а две од нив ќе исчезнат и никогаш нема да бидат пронајдени. Полицијата наоѓа само едно од децата, повредено и преплашено, кое не може да се сети што се случило...
Книга за сладокусци, за читатели со вкус за висока естетика. Сè уште меѓу најчитаните во Хрватска, преведена на неколку јазици.
„Бојата на времето“ жанровски ѝ припаѓа на научната фантастика. Симјаноски е еден од ретките македонски писатели кој објавува дела од областа на научната фантастика, а романот „Бојата на времето“ може да се смета за неговото најквалитетно и најкомплексно структурно и тематски оформено дело од областа на овој жанр.





