„Агриџенто“
Понеделник, 31 Јули 2017 08:07
ДОБИТНИК НА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРАШто може да се случи кога во градот Агриџенто на Сицилија ќе се сретнат неколку необични судбини? Еден несекојдневен лекар – кој се нурнува во историјата на антички Акрагант, а кого што на тоа патување го води големиот филозоф Емпедокле, син на тој град. Неговата ќерка Изабела, сликарка што трага по ослободување, но не во уметноста туку во непредвидливата судбина. И еден Грк кој одбира бегство и враќање кон својата прва љубов за да се спаси од презаситеноста и здодевноста на животот.
„Чиракот на архитектот“
Понеделник, 31 Јули 2017 07:59
Заедно со необичниот дар за султанот, во отоманската престолнина пристигнува и малиот Џахан, кој го има само Чота, мудар и редок бел слон. Како скротувач во царската менажерија, тој се спријателува со султановата ќерка Михрима и се вљубува во неа. По игра на судбината, момчето го запознава главниот царски архитект Синан, кој го зема под своја закрила, и заедно со слонот ги создаваат највеличествените градби во историјата. Но додека ги градат овие ремек-дела, меѓу четворицата чираци на мајсторот се јавува завист, а под површината се насетуваат опасни струи...



Емили со овој роман само ја потврдува својата позиција на современа Џејн Остин. Со начинот на кој го проткајува својот текст преку хумор, искреност, оригиналност и со коментарите за современиот живот повторно го враќа на сцената, женскиот роман, но со модерен пресврт. И самата Џејн Остин сигурно би уживала читајќи го.
Јавното каменување среде Кабул на една осуденичка, уште и закопана во земја до половината, ја започнува исконската дилема за виновниците и судиите...
Ноќта во која се се промени засекогаш беше ладна и магличава, во гратчето скриено меѓу сенките на Алпите. Можеби токму поради таа магла автомобилот на специјалниот агент слета од патот. Тој е во шок - не се сеќава зошто е тука каде што е, ниту пак, како стасал дотаму. Сепак, едно е сигурно: требаше да биде на некое друго место, далеку одовде...
Заплетот започнува со еден излет во забавен парк. Дејвид Харвуд се надева дека безгрижниот ден со нивниот мал син ќе и помогне на жена му Џен да се ослободи од депресијата што ја чувствува во последно време. Меѓутоа Џен исчезнува. Никој не може да ја најде - а бидејќи полицијата не наоѓа докази дека таа воопшто била во паркот, приказната на Дејвид почнува да звучи сомнително. За да докаже дека е невин и да спречи да го одведат син му, Дејвид мора да се соочи со застрашувачка можност: некој е подготвен да ги уништи него и неговото семејство за да зачува една ужасна тајна...





