Сеќавање на љубовта
Вторник, 05 Јануари 2016 09:26

„Сеќавање на љубовта“ е книга која ќе ве натера повторно да верувате дека постои вистинската љубов, чиста, искрена и безвременска.
Заснована на вистинската приказна за двајца млади евреи кои љубовта ги спојува, но сепак животот и војната се испречуваат меѓу нив, градејќи ѕид кој се чини дека е невозможно да се сруши.
Ноќта кога дојдоа сватовите
Петок, 27 Ноември 2015 09:48
„Во своето срце ја понесов рамницата, таа непрегледна, напатена земја, големото панонско небо и неговата бистрина, и тебе - малечка дамка во бескрајот. Не знаеше дека патувам со тебе и со твоите соништа, дури и кога не бев повикана, а јас, не можев да знам дека имам билет само во еден правец... сега знам... Заедно бевме целиот свет.