Свртени огледала
Четврток, 09 Јануари 2014 14:54
Те гледам само кога ќе ги затворам очите. Ми велат дека е сон. Па што ако?
Каменот од твојот ден
Четврток, 09 Јануари 2014 14:47
Четворица пријатели одат на Хималаи. Само една од нив е жена и само таа нема никакво претходно планинарско искуство. Не поседува „доказни материјали” дека може заедно со нив, искусните, да искачи пет илјади метри височина, совладувајќи ги сите нешта што Хималаите ги испречуваат на патот на „освојувачите”. Единственото нешто што Таа го поседува е страсната желба да си го оствари својот животен сон. Сонот се вика: да одам на Хималаи.