Архива (наслови)

Љубов и приврзување

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Болката никогаш не може да се надмине, само научуваш да живееш со неа. Но, времето лекува сѐ. Животот никогаш не нѐ става пред искушенија што не можеме да ги надминеме и кога една врата се затвора, друга се отвора!
Едно сосема случајно ветување на Хариет го менува целиот нејзин живот! Таа на 32 години станува законски старател на децата на сестра ѝ Фелисити, која загинува во сообраќајна несреќа заедно со нејзиниот сопруг Џеф. Наивното ветување на Хариет кон сестра си дека ќе се грижи за децата ако нешто ѝ се случи нејзе, само за да ја задоволи Фелисити, ја претвора Хариет во старател на Кари и Џоел!

Читај повеќе: Љубов и приврзување

 

Последната војвотка

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Неповторлива приказна за забранета љубов и мрачно сладострастие која сосем ќе ве маѓепса.
Опиена од жештината на сонцето и разбранувана од страстите на ренесансната Италија, шеснаесетгодишната Лукреција Медичи гледа пред себе само блескава, безгрижна иднина.

Читај повеќе: Последната војвотка

   

Цариградската пророчица

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Цариградската пророчица“ претставува волшебен историски роман, за последните денови на Отоманското Царство. Дејството не носи на бреговите на Црното Море, во далечната 1877 година, каде претскажувањата поврзани со штотуку родената Елеонора не ветуваат ништо добро.

Читај повеќе: Цариградската пророчица

 

Без догма

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

„Без догма“ е современ роман пишуван во форма на дневник од страна на еден исклучителен човек со аристократско потекло. Тоа е првата литературна творба на Сјенкјевич која се здобила со интерес кај европските читатели. Романот е обид да се даде слика за крајот на векот, кој врз интелектуалната душа остава петно на очај, како резултат на паѓањето на вредностите, бунтот против граѓанското општество, и воопшто, недостатокот од верба во што било и недостаток од каква било цел.

Читај повеќе: Без догма

   

Прокоба

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Денеска објавуваме извадок од романот „Прокоба“ од Добре Тодоровски, издание на „Силсонс“
Чуден молк завладеа во домот на Никола и Воведа Магденоски. Димитрија, седнат во ќошот крај прозорецот, витка цигара меѓу прсти, нервозно ја гмечи, и гледа надолу како да е сам во собата. Татко му шмрка од кафето и кажува некои нејасни зборови.

Читај повеќе: Прокоба

 

Мажи, пари и чоколада

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Маја ги минува деновите фантазирајќи за совршен живот; живот полн со љубов, успех и задоволство. Се обидува да си ги оствари желбите во потрага по мажи и пари, а кога не успева во тоа, бара утеха во чоколадата. Меѓутоа, подоцна се чувствува само празна и загубена. Потоа наидува на мистериозен странец и тргнува на духовно патување, каде што ќе го открие тоа што цело време и недостигало...

Читај повеќе: Мажи, пари и чоколада

   

Страница 18 од 70

Сподели на Facebook