„Господарот“ - Колм Тојбин
Четврток, 06 Октомври 2016 09:57
Трогателна приказна за еден живот растргнат меѓу нереализираната љубов и осамената посветеност на прозата.Романот Господарот на Колм Тојбин ги опфаќа клучните животни епизоди на еден од најголемите писатели на XX век, Хенри Џејмс, и мајсторски го проектира психолошкиот портрет на авторот на Свртување на завртката и Портрет на една дама. Во јануари 1895 година Хенри Џејмс ја очекува сценската поставка на својата прва драма Гај Домвил во Лондон.
Опасно блиску
Понеделник, 29 Февруари 2016 11:35
Две соседни семејства, Катер и Ленглиеви, и тајните кои што ги поврзуваат ќе ви покажат колку опасноста може да биде толку далечна, а толку многу блиска...Адам и Дерек се први соседи, но и најдобри пријатели, кои се интересираат за собирање на стари компјутери и компјутерски делови. Нивните домови се оддалечени на само педесетина метри. Еден „црн“ петок Адам и неговото семејство решаваат да заминат на еднонеделен одмор, а Дерек одлучува да го искористи нивниот дом за тајни состаноци со неговата девојка. Скришум, откако Ленглиеви заминуваат, Дерек останува сам во нивната куќа. Навидум сите услови се исполнети за љубовен состанок, на кој никој нема да го прекинува.



Сега е единствената наследничка на домот со огромен имот во Франција.
Погодена од неодамнешната загуба, Рајан се враќа во Ирска, во прегратката на семејството што ја сака. И токму тука, на ивицата на гребенот, за првпат ја сретнува Аурора, девојче кое ќе и го промени животот од корен. Аурора мистериозно ја привлекува, а Рајан открива дека историјатот на нивните семејства е необично и мошне длабоко испреплетен... Од горка романса во воениот Лондон, до една сложена и тешка врска во современиот Њујорк, од верноста кон пронајденото дете, до заборавените спомени на изгубениот брат, минато и сегашност... Конечно, Аурора, со својата интуиција ги отклучува ланците на минатото.
Чекајќи го Годо“ е антидрама (театар на апсурдот), која претставува празнина, чекање како празно дејство. Во неа има низа дејствија и низа дијалози кои не претставуваат ништо – само празно губење на времето додека се чека нешто што нема да дојде.
„Сега дишев само по патот на нејзиниот здив, живеев само по патот на нејзиниот пулс. По телото почувствував огномет на илјадници прсти истовремено, јас бев радост, задоволство, среќа и опиеност, имав чувство дека умирам и дека истовремено, одново се раѓам“





