Девојката на командантот
Петок, 06 Февруари 2015 09:53

„Краков, Градот на Кралевите, не беше веќе мој. Станав туѓинец во градот што отсекогаш го нарекував дом.“
Септември 1939. Светот на деветнаесетгодишната еврејка Ема Бау и се испревртува преку ноќ кога Германија ја окупира Полска. И, по само шест седмици брак, нејзиниот сопруг Јаков, член на Движењето на отпорот, е принуден да напушти...
Чест
Петок, 06 Февруари 2015 09:52

Две сестри близначки се раѓаат во едно традиционално курдско село, во кое најголемиот чеиз на жената се нејзината чистота и покорност. Животот ги носи по различни патишта – Џамила останува бабица во родниот крај, а Пембе „по грешка“ се мажи за да го види светот. Нејзините деца го бараат своето место под лондонското сонце: седумгодишниот Јунус се здружува со панкерите сквитери, бунтовната Есма се бори против родовата нееднаквост, а најстариот Искендер станува глава на семејството откако татко им ги напушта...




Роман за вистинските љубители на модерните бајки, за луѓето кои никогаш не престанале да сонуваат за еден друг, поинаков имагинарен свет со поинаква димензија.
Едно студено декемвриско утро во 1957 година, во книжарницата „Семпере и синовите“ влегува таинствен човек со злокобен изглед, купува примерок на Гроф Монте Кристо и во него остава необична порака за Фермин Ромеро де Торес. Даниел Семпере, вознемирен од појавата на непознатиот, почнува да истражува какви нишки ги поврзуваат него и неговиот најдобар пријател. Пред него се открива еден мрачен период од минатото на Фермин и неговата врска со Давид Мартин, необичен писател чија животна судбина се преплетува со судбината на Даниел, без да биде тој свесен за тоа...
Првиот век од новата ера. Рим е град на пороци, тајни и крвави борби. Плашејќи се од атентат, суровиот и мистичен цар Домицијан се крие од секого освен од својата миленичка, која единствена од сите царски жени со години успева да го задржи неговиот интерес...





