Фрагарија
Вторник, 23 Септември 2014 14:44
Животот на Лиетус Кетрин ќе се сврти наопаку кога ќе го сретне Дезмонд, кој ја запознава со еден нов свет. Лиетус открива дека има моќ е дека е новиот водач на Фрагарија.
Заедно со Дезмонд заминуваат во Фрагарија каде што од златната карпа недостигаат пет парчиња кои мораат да се пронајдат. Харвија Паркер, најдобрата другарка на Лиетус, станува сојузник на лошиот Девил.
Лиетус, Дезмонд, Хавија, Морсего, Спајк и Анц се шестмина кои тргнуваат во авантура за да ја спасат Фрагарија. Авантура во која само еден од нив може да стигне до целта.
„Академија за вампири“
Среда, 28 Мај 2014 09:29
„Академија за вампири“ е серија од шест паранормални романтични романи за млади, од американската авторка Ришел Мид. Во неа е раскажана приказната за 17 годишната полувампирка Роуз Хатавеј која настојува да ја заштити својата најдобра пријателга Лиза Драгомир од злобните вампири.



61 час - Ли Чајлд
Прв во низата големи автобиографски романи на шведската литература. Стриндберг – син на трговец и на слугинка – постојано бил контроверзна фигура.
Тања Јанковиќ, во збирката раскази Девојката од Бондстил, низ исповедта на главните јунаци сведочи за животот во американската воена база и ги разбива предрасудите за НАТО кампот, во кој Дијана, преведувачката и централната личност на оваа книга, минува три години. Во ова возбудливо авантуристичко четиво, со елементи на автобиографија, читателот ќе го изненадат многу неверојатни ситуации: Дијана ќе биде единствената Србинка на отворањето на албанската дискотека, за малку ќе се омажи за еден Албанец од Њујорк, ќе станат кумови со Албанката Армида, најпосле ќе заврши во затвор...






