„Биглино“
Вторник, 01 Август 2017 08:40
Првиот впечаток што се наметнува при читањето на книгата „Биглино”, од Ило В. Гајтаноски е дека таа и припаѓа на оној тип прози какви што се „Приказните од старата воденичка” од Алфонс Доде – силно врежани сеќавања во зборовите и душата на раскажувачот, во кои деталите, лицата, миризмите и боите пливаат низ родниот предел.Биглино има повластено место во авторовата сентиментална топографија во која реалистичното и поетичното се преплетуваат преку впечатливата јазична свежост и изворност.
„Експеримент 51“
Вторник, 01 Август 2017 08:24
Додека ја читате книгата имате чувство дека гледате филм! - ова е најчестата реакција на читателите за романот „Експеримент 51“, првенче на македонскиот автор Методија Диневски. Оваа возбудливо четиво ќе ве поведе на патување во античко време. Роман е исполнет со голем број на факти и докази кои алудираат на тоа дека ние сме експеримент на туѓа цивилизација.



Во светот за кој говори романот „Добро утро Јаков“, по дефиниција, нема место за невините. Не само затоа што политиката е домен во кој не може да има невини, ами и зашто, и теоретски, но и практично, во неа царуваат двојствата: двојни принципи и стандарди, дволични постапки и карактери, двосмислени потези и искажувања, безбројни двоумења, подвојувања..
Бурната 69-та година, во историјата позната како „година на четирите цареви“, ќе промени многу нешта во Римското царство, а особено ќе влијае врз животите на четири жени, лично поврзани со судбината на Рим. Едната од нив, Корнелија, отмена и амбициозна жена, претставува олицетворение на совршена римска сопруга која живее за денот кога нејзиниот верен сопруг ќе стане цар. Нејзината сестра Мерсела ја одбрала улогата на непристрасен набљудувач на случувањата кои ќе доведат до крвавиот пресврт што ќе им го смени животот.
Две сестри близначки се раѓаат во едно традиционално курдско село, во кое најголемиот чеиз на жената се нејзината чистота и покорност. Животот ги носи по различни патишта – Џамила останува бабица во родниот крај, а Пембе „по грешка“ се мажи за да го види светот. Нејзините деца го бараат своето место под лондонското сонце: седумгодишниот Јунус се здружува со панкерите сквотери, бунтовната Есма се бори против родовата нееднаквост, а најстариот Искендер станува глава на семејството откако татко им ги напушта. Заробено во стегите на минатото и традицијата, целото семејство е неповратно урнисано поради едно морничаво злосторство – убиство од чест.
Во својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта, светски познатата турска авторка Елиф Шафак ни ткае две паралелни приказни – едната современа а другата историска – и преку „четириесетте правила на љубовта“ ни ја доближува древната суфистичка филозофија што се заснова на единството на сите народи и вери и присуството на љубовта во секој од нас.





