Архива (наслови)

Свртени огледала

PDFПечатиЕ-пошта

( 5 Гласа )

Кружната одаја, во која напати осаменоста ме задушуваше, преполна е со твои спомени. Ме опива твојот мирис. Го слушам шепотот како ги урива sидовите и се претвора во татнеж кој ме одвојува од вистината.
Те гледам само кога ќе ги затворам очите. Ми велат дека е сон. Па што ако?

Читај повеќе: Свртени огледала

 

Каменот од твојот ден

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Четворица пријатели одат на Хималаи. Само една од нив е жена и само таа нема никакво претходно планинарско искуство. Не поседува „доказни материјали” дека може заедно со нив, искусните, да искачи пет илјади метри височина, совладувајќи ги сите нешта што Хималаите ги испречуваат на патот на „освојувачите”. Единственото нешто што Таа го поседува е страсната желба да си го оствари својот животен сон. Сонот се вика: да одам на Хималаи.

Читај повеќе: Каменот од твојот ден

   

Ангелот чувар

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Оваа магична приказна за прифаќањето на минатото и за верба во сопствената иднина, започнува во Рио де Жанеиро, кога Пауло Коелјо му дава примерок од книгата Алхемичарот на мистериозниот учител Ж. и му го доверува својот немир поради тоа што сите негови соништа пропаѓаат токму кога е на прагот да ги оствари.

Читај повеќе: Ангелот чувар

 

Борнов идентитет

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Џејсон Борн е човек кој нема минато. А можно е дека нема да има и иднина. Неговото сеќавање целосно е исчезнато. Единствено е свесен дека Медитеранското Море го отфрлило на брегот и дека телото му е изрешетено. Од сигурна смрт го спасува Вошберн, лекар во мало место, на исто така, мал остров.

Читај повеќе: Борнов идентитет

   

Точка на кулминација

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Натали Беноа е новинарка во истражувачкиот тим (И-ТИМ) на еден престижен дневен весник. Таа е личност која, за девојка на нејзини години, има поминато навистина многу во животот. Нејзината судбина е толку мрачна и тажна што изгледа дури и неверојатно. И како да е малку сето она што го има преживеано, нејзиното службено патување на кое оди со група новинари се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.

Читај повеќе: Точка на кулминација

 

Убијци без лица

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )


Сè започнува со бесчувствително и насилно злосторство: една студена ноќ на една далечна шведска фарма, еден постар фармер е претепан до смрт, а неговата жена оставена да умре со јаже околу вратот. Tоа создава доволно проблеми за полицискиот инспектор на Истад, Курт Валандер, уште повеќе што последниот збор на жената е странец, што на полицијата ѝ претставува единствена трага – а во поширок контекст, тоа е искрата што може да ги разгори и онака распламтените чувства на ксенофобија во Шведска.

Читај повеќе: Убијци без лица

   

Страница 13 од 70

Сподели на Facebook