Архива (наслови)

Жената на патникот на времето

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Романот „Жената на патникот на времето“ е првиот роман на американската писателка и уметничка Одри Нифенегер која работи како професорка во Центарот за книги и уметност со хартија на колеџот Колумбија.
„Жената на временскиот патник“ („The Time Traveler's Wife“), во издание на Просветно дело, е љубовна приказна за лик кој страда од ретко, генетско нарушување кое предизвикува патување низ времето и неговата жена, која храбро се соочува со неговите чести исчезнувања и опасни искуства додека тој патува низ времето.

Читај повеќе: Жената на патникот на времето

 

Индиската принцеза

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Шпанката Анита Делгадо се мажи со неверојатно богатиот махараџа на Капуртала... Авторот не внесува во чудесниот свет на махараџите, во нивните хареми од „Илјада и една ноќ“ и ни ги разоткрива возбудливите детали за тајните на една љубовна врска која кулминирала во еден од најголемите скандали што го потресле индиското колониско општество.

   

За сите мои краеви

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

„Денес никој не сака да се исповеда, најмалку за љубовта – Крстев сака. Денес никој не сака да зборува за болките и лузните што љубовта ги остава, туку сака да ги заборави. Александар Крстев – не. Тој сака и да зборува и да не ги заборави болните лузни. Тој едноставно, го живее еротизмот на светот низ најинтимни слики кои без скрупули им ги покажува на другите.

Читај повеќе: За сите мои краеви

 

Исчезната без трага

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Едно топло летно утро, кога Ени - триесет и две годишна агентка за продажба на недвижнини - го напушта својот дом за да оди на презентација на куќа, таа има само три цели: да ја продаде истата куќа, да заборави на караницата со мајка ѝ од тоа утро и да стигне навреме за вечерата со нејзиното фино и трпеливо момче.

Читај повеќе: Исчезната без трага

   

Годината минува, денот никогаш

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Пред вас е првата книга на Жарко Лаушевиќ. Во неа Жарко е и учесник и толкувач, и раскажувач на сопствениот грев и страдалник на сопствената казна, и двоен убиец и затвореник, и сопруг и татко, и брат и син. Книгава е тешка, прецизна, болна, остра. Единствена. Неповторлива. Искрена.
Жарко од стотиците страници на својот Дневник, сочуван во шеснаесет тетратки, од хроничар прераснува во писател. Мрачните  страници на затворската хроника се претвораат во интимна исповед.

Читај повеќе: Годината минува, денот никогаш

 

Роденденски пораки

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Она што оваа антологија на куси раскази, чиј уредник е во моментов  можеби најголемата светска книжевна ѕвезда, Харуки Мураками, ја прави различен роденденски подарок, е што секоја приказна ја покажува и онаа другата, мрачна страна на денот кој треба да ни припаѓа единствено на нас самите. Мураками направил избор од за него најдоброто од современиот светски расказ.

Читај повеќе: Роденденски пораки

   

Страница 14 од 70

Сподели на Facebook