Архива (наслови)

Посакувам да си тука

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Кога девојката со којашто се забавуваш 7 години ќе ти раскине на твојот 30-ти роденден и ќе замине со твојот колега и пријател, го правиш единственото логично нешто – се затвораш дома, во депресија и слушаш меланхолична музика од некоја Французинка за која никогаш порано не си слушнал. Но, додека нормалните луѓе слушаат песни и си плачат на перница кога ќе се пронајдат во некој срцепарателен стих, Даниел успева да си го пронајде целиот свој живот во новиот албум кој го добива на подарок од својата пријателка.

Читај повеќе: Посакувам да си тука

 

Приказни од Мјаукедонија

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Драги мои хомо-сапиенси! - така Емилија би Ви се обратила, a ова се нејзините мемоари. Емилија, Еми, Ема, Ејми (како сакате) е иначе мачка, онаа мачка од бинго картичките. Запознајте ја Емилија Џамбазова – Бавчарска преку нејзините исповеди. Запознајте ја неа и нејзиниот живот меѓу хомо-сапиенсите. Живот на една провинцијалка во големиот град. Провинцијалка од “мојата населба”. Во наводници зашто не е „моја” и јас сум ви провинцијалка (за среќа или не). Една чудо од мачка, попаметна од многу хомо-сапиенси во нашата чудесна Мјаукедонија, таква Ви е Емилија.

Читај повеќе: Приказни од Мјаукедонија

   

Ледената принцеза

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Зимската атмосфера во ладната Шведска нѝ дава посебно чувство да уживаме во овој скандинавски роман, а мрачните тајни и мистерии се дополнително уживање во целата таа приказна.
Ерика Фалк се враќа во родното место Фјелбака поради смртта на нејзините родители, местото од кое ги има најубавите спомени од детството поминати со дружбата на нејзината тогаш-најверна другарка Алекс и која по игра на случајност ја наоѓа мртва во нејзината куќа, смрзната во када и со пресечени вени.

Читај повеќе: Ледената принцеза

 

Сите соништа на светот

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

По разделбата со Макс, Ксенија дознава дека е бремена. Затоа кога интелигентниот и префинет адвокат Габриел Водое ѝ нуди брак таа ја прифаќа понудата и се мажи за него, најмногу поради тоа што тој воопшто не ја споменува љубовта како причина. Но кој би можел да помисли дека Ксенија нема да може го заборави Макс, а пак Габриел ќе се вљуби во Ксенија! Не можејќи да ѝ прости што таа останува верна на единствената љубов во својот живот тој се самоубива.

Читај повеќе: Сите соништа на светот

   

Американски дервиш

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Фановите на маестралниот писател Халед Хосеини ќе бидат задоволни кога ќе слушнат дека има дело од автор кој се смета за негов достоен наследник.
Романот „Американски дервиш“ плени со историјата на муслиманската вера, љубовта кон Алах и животот на муслиманите во САД.

Читај повеќе: Американски дервиш

 

И планините одекнаа

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Новиот роман на Халед Хосеини “И ПЛАНИНИТЕ ОДЕКНАА“ е незаборавна приказна за потрагата по она загубено делче кое секогаш го пронаоѓаме кај другите. Ова е навистина длабоко потресна приказна за тоа како љубиме, како се грижиме едни за други и како нашите одлуки одекнуваат низ поколенијата кои ги оставаме.

Читај повеќе: И планините одекнаа

   

Страница 15 од 70

Сподели на Facebook