Архива (наслови)

Сопругата на сенаторот

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Секој брак крие свои тајни, па дури и оној најсовршениот! Но, некои тајни понекогаш е подобро да останат скриени. Засекогаш!
Во својата триесет и шестта година Мери го запознава Нејтан, љубовта на својот живот. Само еден месец подоцна тие започнуваат заеднички живот и набргу потоа стапуваат во брак.

Читај повеќе: Сопругата на сенаторот

 

За љубителите на книгите

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Ако сте љубител на прекрасните летни приказни и решите ова лето книгите да ви бидат главен аксесоар на плажа, имаме неколку предлози за Вас кои ќе ве воодушеват.

„Цариградската пророчица“ – Мајкл Дејвид Лукас
„Цариградската пророчица“ претставува волшебен историски роман, за последните денови на Отоманското Царство.

Читај повеќе: За љубителите на книгите

   

Хипнотизер

PDFПечатиЕ-пошта

( 8 Гласа )

Роман што се движи по непредвидливи, но возбудливи психолошки стрмнини кои се на работ од неповратна бездна во чие средиште егзистираат травматизирани личности и судбини.
Централна фигура е „Хипнотизерот“, стручно образован и ценет медицински експерт, којшто води хипнотички сеанси со оваа група несреќни, злоставувани, ненормално третирани и агресивни личности. Под неговата хипнотичка процедура се разоткриваат најскриените мрачни настани ,потресни убиства... на луѓето од „Проколнатата куќа“!!!

 

Пред да заспијам

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

„Додека спијам, мојот ум ќе избрише буквално сѐ што правев денес. Утре ќе се разбудам исто како што се разбудив и денес. Мислејќи дека сѐ уште сум дете. Мислејќи дека сѐ уште имам цел живот на избори пред себе...“
Спомените се она што го дефинира човекот...
Па што ако ги губите своите секојпат кога ќе легнете да спиете? Вашето име, вашиот идентитет, вашето минато, дури и луѓето кои ги сакате - сите работи заборавени преку ноќ. И што ако единствената личност на која можете да се потпрете, единствената во која верувате ви кажува само половина од приказната?

Читај повеќе: Пред да заспијам

   

Белата светлина во Париз

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Откако ги губи родителите, младата Русинка, Ксенија бега од болшевиците и од Санкт Петербург се преселува во Париз, каде што се соочува со трагедијата и осаменоста на живот во прогонство. Но Ксенија е решена да не се предаде и затоа наоѓа работа: се вработува како модел кај еден француски дизајнер кој е маѓепсан од нејзината единствена впечатлива убавина.

Читај повеќе: Белата светлина во Париз

 

Московска сага

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Читајќи ја книгава, ќе се запрашате како за толку кратко време низ рацете ви поминале сите страници на кои е напишана оваа интересна приказна?
Ова е книга преку која ќе добиете јасна слика за изгледот на Москва и на сѐ она кое се случува таму, за сите измами и поткупи. И да не заборавам една важна работа, преку овој роман ќе го дознаете и второто значење на зборот кокиче.

Читај повеќе: Московска сага

   

Страница 16 од 70

Сподели на Facebook