Нови наслови

Меден месец - Кристина Лорен

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Олив Торес е навикната да биде баксузната близначка. Од необјасниви несреќи до неодамнешно отпуштање, нејзиниот живот се чини дека е речиси трагикомичен. Спротивно на тоа, сестра ѝ Ами е вечна шампионка... дури успеа да ја финансира целата своја венчавка, победувајќи на многу наградни игри.

Читај повеќе: Меден месец - Кристина Лорен

 

Преку границата - Самар Јазбек

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во овој роман, познатата писателка Самар Јазбек сведочи за ужасната реалност во Сирија денес. Од првите невини демонстрации за демократија, преку почетоците на Слободната сириска армија, до доаѓањето на ИСИС, таа нуди извонредни слики на војници, деца, обични мажи и жени кои едноставно се обидуваат да останат живи.

Читај повеќе: Преку границата - Самар Јазбек

   

Не ме давај ним - Тарик Туфан

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Книга во која е насликана турската улица и болките од детството на писателот, на жив и креативен начин, со впечатлив и течен јазик. Приказните во романот понекогаш се смешни, понекогаш темни и болни. Она што им е заедничко е духот на едно време, кој, со моќта на перото на Туфан, ве носи низ улиците и населбите во Турција како да ги гледате, а не да ги читате.

 

Американска прашина - Џенин Каминс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Лидија Перез живее во мексиканскиот град Акапулко, со синот Лука и сопругот кој е новинар. Иако знае дека никогаш нема да се продадат, Лидија во книжарницата што ја води чува некои од своите омилени книги. Еден ден, во продавницата влегува маж и меѓу другите купува и две од тие нејзините книги. Хавиер е шармантен, но излегува дека е шеф на најновиот наркокартел во градот. Откако сопругот на Лидија ќе ја објави својата статија за Хавиер, нивните животи повеќе нема да бидат исти.

Читај повеќе: Американска прашина - Џенин Каминс

   

П.С. Ми се допаѓаш - Кејси Вест

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Додека скита со мислите на часот по хемија, Лили ќе начкраба неколку стихови од нејзината омилена песна на клупата. Следниот ден открива дека некој ги продолжил стиховите на клупата и допишал порака за неа. Интригантно!
Наскоро, Лили и нејзиниот анонимен пишувач почнуваат да разменуваат писменца – споделуваат тајни, си препорачуваат бендови и се отвораат еден со друг. Лили сфаќа дека почнува да се вљубува во пишувачот на писменцата. Само, кој е тој?

Читај повеќе: П.С. Ми се допаѓаш - Кејси Вест

 

Се што оставаме - Кери Лонсдејл

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Два месеца пред неговата венчавка, финансискиот раководител Џејмс Донато го следи неговиот брат Фил кој е вмешан во матни зделки, во Мексико, каде што исчезнува во морето и го прогласуваат за мртов. Шест и пол години подоцна, тој се буди од состојба на дисоцијативна фуга во Оаксака, каде што живее како Карлос Домингез, вдовец и татко на два сина, со неговата балдаза Наталија Хејес, некогашна професионална сурферка, која му помага да се одржи во живот.

Читај повеќе: Се што оставаме - Кери Лонсдејл

   

Страница 5 од 65

Сподели на Facebook