„Атомска станица“ – Халдоур Лакнес
Објавено од Фатма Бајрам Понеделник, 20 Ноември 2017 13:34
Кога Американците се нудат да купат земјиште во Исланд за да изградат воздухопловна база за НАТО по Втората светска војна, низ целата земја почнуваат протести. Овој конфликт Лакснес го користи како катализатор на својата воодушевувачка и моќна сатира. Раскажан од селанка од северот, романот произлегува од нејзините искуства како куќна помошничка во домот на еден пратеник...
Остроумна и трогателна сатира на политиката и политичарите, комунистите и на антикомунистите, на лажните културни непријатели, големите бизниси и на сите тврдења за авторство. Ремек-делото на Лакснес, како коментар на општеството, е еднакво релевантно денес како и во времето кога е напишано во 1948 година. Во 1955 година Лакснес ја добил Нобеловата награда за литература.
„Adibas“ – Заза Бурчучадѕа
Објавено од Фатма Бајрам Понеделник, 20 Ноември 2017 13:27
Шако е актер што поголемиот дел од своето време го поминува уживајќи во секс со различни девојки и во дрогирање. Тој и неговите пријатели имаат малку интереси надвор од овие дејности. Во тоа време, Грузија e нападната од Русија. Иако главниот град може да го бомбардираат, па дури и да го гаѓаат со хемиско оружје, ним баш им е гајле. Додека Шако може да има орален секс и да ужива во дроги, сè е во ред. И кој да се грижи сега за Апхазија? Ова е „воен роман“ што нема ниту една борбена сцена и во кој сексот има централна важност бидејќи е претставен како метафора на војната.Заза Бурчуладѕе (1973) е современ грузиски писател. Дипломирал префинети уметности. До 2001 година објавувал под псевдонимот Грегор Замза. Превел многу руски автори, меѓу кои Достоевски и Сорокин. Во Грузија е популарен не само по скандалозните книги туку и како филмски актер.