ИВО АНДРИЌ – 60 ГОДИНИ ОД НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ПОСВЕТЕНА НА БИБЛИОТЕКИТ

Печати

 

Иво Андриќ(1892 -1975) е роден во Долац, покрај Травник–Босна и Херцеговина. Основно училиште завршил во Вишеград, а гимназија во Сараево. Студирал во Загреб, па во Краков и Грац, каде што и докторирал.

„Тој е писател со силна имагинација, а истовремено и одличен познавач на историските услови на стара Босна, за којашто и најчесто пишувал. Основните карактеристики на неговите дела се префинетата психолошка анализа, длабокото понирање во суштинските проблеми на егзистенцијата и моќта со сугестивната магија на поетскиот збор да ја долови човечката и општествената панорама на изминатите векови. Користејќи ги народните преданија, легендите, историската фактографија, а пред се плодотворното богатство на својата фантазија и чувството за светот, Андриќ изгради монументално уметничко дело во книжевноста на оваа епоха“. (Андриќ И. Деца. Скопје: Детска радост; 1998. Стр 207).

Благодарение на големиот епски стил кој го поседувал, многу успешно опишувал теми од историјата на својата земја и судбината на луѓето од тие подрачја. Овој талент му ја носи Нобеловата награда за литература во 1961 година, иако покрај него во најтесниот избор се и врвните: Лоренс Дарел, Грем Грин, Џон Штајнбек и Алберто Моравија.


Нобеловата наградата што му ја доделува Шведската кралска академија се однесува на неговото дело „Мостот на Дрина“ (1945), како и целокупното негово литературно творештво составено од: „Ex Ponto“ (1918), „Немири“ (1920), „Патот на Алија Ѓерзелез“ (1920), „Травничка хроника“ (1945), „Госпоѓица“(1945), „Приказна за везировиот слон“ (1948), „Проклета авлија“ (1954) и др. Потоа неговите дела се преведуваат на повеќе странски јазици и почнува уште поголемо да биде интересирањето на светот за делата на писателот од Балканот.

Андриќ целокупниот паричен износ од наградата го донира на библиотечен фонд на Босна и Херцеговина,со што уште еднаш го потврдува значењето на библиотеките за него. Исто така често учествува во акции за помош на библиотеките и финансиски помага во хуманитарни цели, што ја покажува неговата човечност.

Неговиот говор пред светската литературна сцена е еден од најзначајните кој останува запомнат засекогаш, а подоцна и објавен како дел од збирката „Собрани дела“ под наслов „За приказната и раскажувањето“:

„Мојата татковина е навистина „мала земја меѓу световите“, како што еднаш рече еден наш писател, и земја која во брзи фази, по цена на големи жртви и извонредни напори, се труди да надомести во сите обасти, вклучително и културата, за сето она што беше скратено од нејзиното невообичаеното бурно и тешко минато. Со вашето признание, вие фрливте зрак светлина врз литературата на таа земја и на тој начин го привлековте вниманието на светот кон нејзините културни напори, во време кога нашата култура почнува да продира во светот со низа нови имиња и оргинални дела, со стремеж за соодветен придонес во светската литература.

Мислам дека е дозволено на крајот да посакам, приказната што ја раскажува денешниот раскажувач за луѓето од неговото време, без разлика на нејзината форма и тема, да не биде ниту отруена со омраза, ниту пригушена од громот на убиственото оружје, туку да биде поттикната од љубов и водена од ширината и спокојството на слободниот човечки дух. Затоа што нараторот и неговото дело не му служат никому, ако на еден или друг начин не му служат на човекот и човештвото...

Андриќ е мајстор во откривањето на психолошките немири, што ги создаваат малечките тајни кои понекогаш прераснуваат кај човекот во тешки драми и неповторливи порази.Од сложените животни проблеми застапени во неговите дела, се раѓаат безвременски мудрости кои живеаат засекогаши се пренесуваат од генерација на генерација.

„Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа по малкуни недостасува“.

„Секој вистински живот е убав и тежок“.

„Мирот и спокојот се единственото богатсво и најголемото достоинство за скромните и безвременски луѓе“.

„Болестите се судбина на сиромашните,аказна за богатите“.

„Можеби на почетокот имало други мотиви, но денес царува стравот. Од страв се луѓето зли, сурови и подли. Од страв се дарежливи и добри“.

„Жената стои како капија, на влез и излез од овој свет“.

„Ништо повеќе не ги зближува луѓето од среќно преживеана несреќа“.

„Младоста е среќна доба во која човекотпочнува да верува во себе, а сѐуште не престанал да верува во другите“.

Нашата Библиотека располага со голем избор на негови дела кои се на македонски јазик, на српски и хрватски јазик, турски и албански јазик.

Од неговата богата ризница Ви ги препорачуваме следниве негови дела:

1. Врвици, лица, предели - M II 41582

2. Госпоѓица - M II 11872/3

3. Данок во крв - M I 1951

4. Деца ДО 8 - 32

5. Елена, жена што ја нема - M II 41568, M II 11872/7

6. Есеи I - M II 41576, M II 11872/11-I

7. Есеи II - M II 41577, M II 11872/12-II

8. Ex ponto, немири, лирика - M II 41581, M II 41593, M II 11872/13

9. Жед - M II 41569

10. Знаци - M II 41567

11. Знаци покрај патот - M II 32143

12. Крајпатни знаци - M II 41580

13. Куќа во самота - M II 41579

14. Мостот на Дрина - M II 2401/5, M II 37332, M II 27579, M II 25624, M II 41574

15. Немирна година - M II 41570

16. Нови раскази - M II 593

17. Омер - Паша Латас - M II 41578

18. Одбрани раскази (Патот на Алија Ѓерѓелез; Ќоркан и Швабицата; Смрт во Синановото теќе; Мустафа Маџар; Љубов во касабата; Мостот на Жепа; Мила и Прелац; Свадба; Знаци; Жена на камен; Лица; Панорама) – ДО 8 – 32, M I 2156

19. Проклета авлија - M II 29616, M II 28868, M II 22025, M II 2257/а, M II 11872/4

20. Романи - M II 40939

21. Травничка хроника - M II 33590, M II 38946

22. Травничка хроника, конзулските времиња - M II 41573, M II 11872/2

(на српско – хрватски јазик)

1. Ex ponto, немири, лирика - М II 41593, М II 999

2. Lica - М II 4104

3. Na Drini ćuprija - М II 38094, М II 15255, М II 5914/1

4. Pored puta (Znakovi pored puta; Sveske; Omer-paša Latas; Kuća na osami) - М II 42045

5. Priča o vezirovom slonu i druge pripovetke - М I 1692/32

6. Priče - М II 42043

7. Romani - М II 40939

8. Аска и вук: приповетке - М II 1192/118

9. Велетовци - ДО 8-32

10. Госпођица - М II 41600, М II 853, М II 5817/3-б, М II 3157/IV

11. Деца - М II 41589, M II 5817/9-б

12. Жеђ - М II 41601, M II 5817/6-б

13. Знакови - М II 41602, M II 5817/8-б

14. Знакови поред пута - М II 41595

15. Историја и легенда - М II 41592

16. Јелена, жена које нема - М II 41586, М III 1273, M II 5817/7-б

17. Кућа на осами ; и Друге приповетке - М II 41585

18. На Дрини ћуприја - М II 41597, М II 14975, М II 5817/1-а, М II 3157/III

19. Немирна година - М II 41596, M II 5817/5-б

20. Омерпаша Латас - М II 41584

21. Панорама: приповетке - М II 1072/18

22. Приповетке: избор - М II 3157/I

23. Прича о кмету Симану: и друге приповетке - М II 1192/88-а, M I 2867

24. Проклета авлија - M II 29153, M II 41590, M II 5817/4-б, M II 6586

25. Пут Алије Ђерзелеза - М I 246

26. Свеске - М II 41594

27. Стазе, лица, предели - М II 41599

28. Стазе, лица, предели - М II 41599, M II 5817/10-б

29. Травничка хроника - М II 41603

30. Травничка хроника: консулска времена - М II 5917/2-а, М II 3157/II

31. Уметник и његово дело - М II 41591