3 Декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост

Печати

( 0 Гласа )

Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со цел подигнување на свеста за правата на овие лица. Годинава во фокус е градењето на подобар свет за лицата со попреченост, свет кој ќе биде инклузивен, пристапен и одржлив за време и по завршувањето на пандемијата на коронавирусот.

Лицата со попреченост во целиот свет, но и во нашата земја, сè уште претставуваат една од најмаргинализираните групи во општеството, кои се диспропорционално засегнати од ефектите на пандемијата.
Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со попреченост. Но, како што велат многу здруженија, невладини организации, сојузи за лицата со хендикеп – не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.

НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола  веќе години е сојузник со лицата со попреченост. Нашата библиотека има обезбедено лесен пристап до библиотеката, се работи на дигитализација на книгите, спроведува најразлични работилници наменети за лицата со попреченост се со цел активно да се вклучат во сите сегменти на општествените активности.
Кога станува збор за олеснување на животната егзистенција за лицата кои навистина имаат потреба сами да покажат дека и тие можат да бидат дел од работната група, нашата библиотека тоа го докажа, преку вклучување на овие лица во работниот колектив.
Затоа потребно е сите заедно со нашата Библиотека да се обединиме и на било кој начин да им помогнеме на лицата со попреченост за достојно и квалитетно да уживаат во животот.