Персонална библиографија на Љубомир Трифуновски

Печати

( 0 Гласа )

Во склоп на програмата по повод патрониот празник на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола на ден 06.12.2021 година се одржа промоцијата на книгата „Љубомир Трифуновски: персонална библиографија“.

На овој настан воведен збор зеде директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски кој на присутните гости им се обрати честитајќи им го патрониот празник на Библиотеката - 8 Декември „Св.Климент Охридски“, а на маестро Љубомир Трифуновски му посака уште многу успеси во неговата работа, многу здравје и понатамошна соработка.

За оваа книга промотор беше етнокореологот Љупка Стефановска, која накратко зборуваше за животот и делото на професорот маестро Љубомир Трифуновски, а од составувачите на оваа книга библиотекарите советници: Гордана Пешевска, Ленче Андоновска и Јоланда Бошевска, за начинот на подготовка на книгата зборуваше Гордана Пешевска-библиотекар советник.

Овој настан беше пропратен со неколку нумери кои ги изведе младинскиот хор  при КУД „Стив Наумов„ од Битола под диригентска палка на маестро Љубомир Трифуновски, а за крај присутните имаа можност да погледнат видео запис од мешаниот и младинскиот хор при КУД „Стив Наумов“ - Битола.
Модератор: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook