Учениците од ОСМУ„ Јован Калаузи“ за Блаже Конески

Печати

( 0 Гласа )

По повод патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и „100 години од раѓањето на Блаже Конески“ во просториите на Библиотеката ќе се реализираат низа настани со учениците од основните и средните училишта посветени на животот и делото на великанот Блаже Конески.

Првиот настан се реализира со учениците од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ - Битола под менторство на наставничките по македонски јазик Дарија Наумовска и Марија Тановска.

Ученичките од повеќе класови од I до IV година од ова училиште, на настанот се претставија со прекрасни творби за животот и делото на Блаже Конески.  
Подготвија: Вера Марковска и Ирена Колевска

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook