Учениците од ПСУ САБА за животот и делото на Иво Андриќ

Печати

( 0 Гласа )

На ден 22.12.2021 г. во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола се одржа работилница со учениците од Приватното средно училиште „САБА“. Библиотекарите од нашата Библиотека накратко ги запознаа учениците со работата и истражувачката дејност што тие ја направија при подготовката на изложбата посветена на „Иво Андриќ- 60 години Нобелова награда за литература“.
Учениците имаа предизвик исто така да истражуваат за животот и делото на Иво Андриќ под менторство на професорката по македонски јазик Бисера Бијелиќ-Стојчевска. Најдобрите ученици своите есеи ги презентираа пред соучениците, темелно опфаќајќи ги животот, делото и нобеловата награда, исто така читаа прекрасни извадоци од делото „Проклета авлија„ од Иво Андриќ.
Учениците имаа можност да слушнат краток есеј подготвен од нивната професорка, за достигнувањата и карактеристиките на Нобеловецот Иво Андриќ, за кој потоа дискутираа.
Голема благодарност до професорката Бисера Бијелиќ-Стојчевска, ученичките Стефанија Кочоска, Ева Милевска, Теодора Мицеска и Теона Пејчиновска, како и до сите останати присутни ученици.
Подготвија: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и Марија Марковска