Изложба „Со маските научивме да се смееме со очите“

Печати

( 0 Гласа )

Конкурс на тема „Со маските научивме да се смееме со очите“

Во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола е поставена изложба на ликовните творби испратени на конкурсот на тема „Со маските научивме да се смееме со очите“ во организација на Inner Wheel Club-Bitola и Друштвото на ликовни уметници на Битола.

Во присуство на наградените млади уметници, нивните наставници и дел од нашите членки беа доделени и наградите во три категории. Честитки за наградените и многу успех во идни проекти.

Во првата категорија за ученици од VI и VII одделение награди добија:
1. Награда за Ангела Ристевска од ООУ „Стив Наумов“-Битола
2. Награда за Ема Петровска од ООУ „Тодор Ангелевски“- Битола
3. Награда за Ивана Волкановска од ООУ „Тодор Ангелевски“- Битола (подрачно училиште во Горно Оризари)

Во втората категорија за ученици од VIII и IX одделение награди добија:
1. Награда за Ива Ѓоргиева од ООУ „Стив Наумов“-Битола
2. Награда за Наталија Павловска од ООУ „Гоце Делчев“- Битола
3. Награда за Ана Ангелевска од ООУ „Стив Наумов“- Битола

НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола исто така награди 10 ликовни творби со едногодишна бесплатна членарина. Наградите им ги додели директорот м-р Бојан Стефановски на учениците:

- Јана Танчевска од ООУ „Климент Охридски“ - Битола
- Евгенија Наумовска од ООУ „Елпида Караманди“ - Битола
- Јана Темелковска од ООУ „Тодор Ангелевски“ - Битола
- Сара Димитрова од ООУ „Трифун Пановски“  -Битола
- Јана Митевска од  ООУ „ Стив Наумов“ - Битола
- Јана Драгишка од ООУ „ Стив Наумов“ - Битола
- Ебру Селимовска ООУ „Тодор Ангелевски“ - Битола
- Марија Ризовска ООУ „Трифун Пановски“ - Битола
- Ивана Јовановска  ООУ „Тодор Ангелевски“ - Битола
- Јана Ристевска ООУ „Елпида Караманди“ - Битола

Изложбата ќе биде биде поставена во холот на Библиотеката до 15 Јануари.

Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook