Промоции 30.08.2007 г.

Печати

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотеката “Св. Климент Охридски” од Битола, во рамките на Програмата за културни активности во 2007 година на ден 30.08.2007 година (четврток) во 12 часот во салата за промоции на Библиотеката организише промоција на книгите: “ЖЕНА НА БРЕГОТ ОД ОКЕАНОТ” и “ХАРФА” од Рада Видиновска. Промотори: м-р. Разме Кумбароски, писател и Никола Кљусев, академик.

Академик Рада Видиновска е современ македонски писател, поет, преведувач и есеист која живее и работи во Торонто, Канада. Автор е на книгите поезија: “Бисерни капки од Нијагара”, “Белези на душата”, “Молњи во окото”, “Скришни огледала” и други. Преведена е на повеќе јазици. Нејзините песни претставуваат тажна исповед низ кои провејува носталгијата по родниот крај.