Вторник, 04 Август 2009 06:56
Првиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима, малиот уличен мачор, е почеток на чудесните последователни промени во херметичкиот свет што главниот јунак го создал за себе, првиот мал чекор кон љубовта во мало...