Без збогување

Печати

( 10 Гласа )

Куќата беше тивка. Немаше никаков знак дека нејзините родители се подготвуваат да заминат на работа, ниту пак, дека брат и доцни во училиште. Дали тие ја казнуваат за синоќа? Таа беше излезена на состанок со едно момче во време кога требаше да учи, а потоа ја имаше онаа ужасна расправија со татко и. Па, каде се сите сега? Зошто нејзиното смејество исчезна?

Дваесет и пет години подоцна мистеријата сеуште не е ни одблизу решена и Синтија сеуште ја прогонуваат неодговорените прашања. Дали нејзиното семејство е убиено? Грабнато? Ако е така, зошто таа е поштедена? И, ако се живи, зошто ја напуштиле?

Потоа, пристигнува писмо, писмо што нема никаква смисла. Наскоро Синтија сфаќа дека буричкањето во минатото може да биде најлошата грешка што некогаш ја направила...