„Ангел на темнината“

Печати

( 3 Гласа )

Дени Макгвајер и неговата прва голема истрага. Ендру Џејкс, старец со огромно богатство, е сурово убиен во својот дом. Неговата млада и убава сопруга, Анџела Џејкс, е пронајдена гола и едвај жива покрај неговото тело. Обземен од огромната болка која ја гледа во нејзините очи, Дени се заколнува дека ќе го пронајде убиецот. Истрагата тапка во место, а откако Анџела е пуштена од болница, исчезнува без трага притоа оставајќи го целото свое богатство во добротворни цели. Десет години подоцна, Дени сѐ уште е опседнат со Анџела и нејзиното лице. Нејзините зборови „Јас немам живот“ сѐ уште му се вртат низ главата. Дали е мртва или можеби нејзиниот адвокат ја има скриено некаде?
Кога најмалку очекува, минатото се враќа. Мет, синот на Ендру Џејкс, доаѓа со нови информации. Трејси Хенли, Ирина Анџу, Лиза Беринг, Сара Џејн Ишаг... Сите овие млади убавици се брутално силувани покрај мртвото тело на својот сопруг, исчезнати, а целото нивно богатство оди во добротворни цели. Дали се работи за сериски убиец или за нешто друго?
Дени е во паника, а Мет уште повеќе ги комплицира работите. Исчезнува и не одговара на повиците на детективот и на неговата сестра, Клер. Која е малата Мирјам, а која е Софија Башта? И што поточно се случило пред многу години?