Превез од тајни

Печати

( 3 Гласа )

Медисон Дупре, веднаш знаеше дека понудата која ја доби беше премногу добра за да биде вистината: дваесет илјади долари во готово, за кратко патување во Дубаи. Понудата стигна од Хенри Липтон, човекот за кого сите сметаат дека е мртов - и кој, таа искрено се надеваше, дека гори во пеколот, бидејќи и ја уништи кариерата. Фактот дека понудата доаѓа од мајстор на измамата, баран на три континенти поради вмешаност во кражба на артефакти, би требало да и биде доволно предупредување.

Инстиктот и говореше да не се вплеткува во мистеријата на древниот артефакт, но кога е стомакот празен, а сметките неплатени, тешко е да се одолее на волшените зборови на ѓаволот. Дубаи е само првата станица: Медисон тргнува во потрага што ќе ја одведе во древен град во Месопотамија, мрачните улици во егзотичниот Истанбул, во Венеција за време на карневалот, па се до катедралата во која се крие една од највредните реликвии на христијанството. На тоа патување, ќе се впушти во страстна романса со руски агент на кого не му се верува - и кому не може да му одолее.

„Ликовите на Харолд Робинс одушевуваат, дијалозите се драматични, а стилот едноставен и директен.“