Заточеник на небото

Печати

( 2 Гласа )

Едно студено декемвриско утро во 1957 година, во книжарницата „Семпере и синовите“ влегува таинствен човек со злокобен изглед, купува примерок на Гроф Монте Кристо и во него остава необична порака за Фермин Ромеро де Торес. Даниел Семпере, вознемирен од појавата на непознатиот, почнува да истражува какви нишки ги поврзуваат него и неговиот најдобар пријател. Пред него се открива еден мрачен период од минатото на Фермин и неговата врска со Давид Мартин, необичен писател чија животна судбина се преплетува со судбината на Даниел, без да биде тој свесен за тоа...