Во Битола семинар по германски јазик според високи европски стандарди со врвен предавач од Австрија

Печати

( 1 Глас )

На 03.11.2018 во Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски Битола со одржа семинар за професори по германски јазик на тема „Плурицентриката на германскиот јазик“. Семинарот се организира во рамките на традиционалните „Австриски денови во Македонија“ а е поддржан од Министерството за образование, наука и истражување на Р. Австрија, Австриската служба за академска размена, Амбасадата на Р. Австрија, Австриската библиотека во Битола и Почесниот конзулат на Р. Австрија во Битола. Предавач на семинарот,  кој се состоеше од три работилници на тема „Плурицентриката на германскиот јазик“, „Славење на празници“ и „Квиз за Австрија“, беше м-р Лукас Маерхофер од Виена.  Лукас Маерхофер, студирал германска филологија, театарски студии и романистика на Универзитетот во Виена и студирал гастрософиски науки на Универзитетот во Салцбург. Од 1999 година е обучувач и предавач за германски јазик како странски јазик, организатор на меѓународни семинари за наставници, предавач на Универзитетот за применети науки Виена (BFI) како и автор и уредник на наставни материјали за издавачката куќа Хуебер во Германија.

Учество на семинарот зедоа 25 професори по германски јазик од Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Пробиштип и Скопје.

„Дека разликата помеѓу Германија и Австрија треба да биде заеднички јазик е често цитирана реченица. Двете земји имаат повеќе да покажат во нивната разноликост отколку само Brötchen  наспроти Semmel, и Abitur наспроти Matura. Секој кој досега бил на посета во Германија и Австрија и во Швајцарија, а можеби, исто така и во Лихтенштајн, Јужен Тирол, или Источна Белгија,  знае точно што значи тоа. Бидејќи мноштво термини се различни во соодветните земји или региони. Но, овде не се работи за дијалект кога при шопинг во Берлин се добива торба Tüte,  во Виена Sackerl, а во Цирих се добива Säckli. Разновидноста- варијантите на германскиот јазик се слика на сопствената историја и општество и во исто време подлежат на постојани промени од различни влијанија. Меѓусебните односи и разликите ќе се истакнат во работилницата со помош на автентична реалност и ќе се испита подетално и на тој начин се создава сензибилност при третирање на  наставениот јазик, така што ќе може да се констатира на крај: Германски не е еднакво германски“ ќе рече м-р Маерхофер

Професорите по германски јазик по целодневниот семинар си заминаа задоволни со многу наставни материјали и побогати со едно прекрасно сознание за новите информации и методи применливи директно во наставата по германски јазик.

http://www.apla.mk/index.php/denes/item/1789-vo-bitola-seminar-po-germanski-jazik-spored-visoki-evropski-standardi-so-vrven-predavach-od-avstrija?fbclid=IwAR1gWBMP4KtAvYtq4x3LK3V5aABZuGVo1-LH3BjBv-XRadDtF5C4OsaMygU