Посета на студентите од Педагошки факултет - Германски јазик и книжевност од Битола

Печати

( 12 Гласа )

Студентите ид 1 и 4 година,  професорките доц.д-р Валентина Илиева и   проф. д-р Јаготка Стрезовска  при Педагошкиот факултет -  Германски јазик и книжевност - Битола на ден 27.09.2012 година ја посетија Библиотеката.
Посетата беше искористена за запознавање на студентите со работата на Библиотеката како културна установа, нејзините оддели и начинот на издавање на книгите.
Студентите  покажаа интерес  за „Австриската библиотека“ во рамките на НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола и  на германската литература. „Австриската библиотека„ е донација од Австриската амбасада во Република Македонија.  
Исто така беа разгледани магацинот за чување на книги, детската библиотека, читалните.