„Австрија чита, место за средба- библиотека“ - втора работилница

Печати

( 4 Гласа )

Во рамките на најголемиот австриски фестивал на литературата „Австрија чита, место за средба- библиотека“, Австриската библиотека во Битола организира второ литературно читање. Почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева заедно со ученици од О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола го прочитаа текстот „Школски приказни за Франц“ од познатата австриска писателка Кристине Нестлингер. Во соработка со професорите по германски јазик и литература: м-р Ана Савеска и Ирена Миленковска, учениците ги превзедоа улогите на Франц, наставникот Свобода, родителите на Франц, бабата на Франц и го читаа директниот говор во текстот, додека д-р Илиева го читаше наративниот дел и на тој начин, воспоставена е една топла и пријатна книжевна атмосфера. За успешната интерпретација на улогите и активното учество во литературниот настан,почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева на учениците учесници им подари пригодни подароци.