Австриската амбасадорка донираше книги во библиотеката

Печати

( 7 Гласа )

Со песничка најмалите од хорот Ѕвончиња и посакаа добредојде на австриската амбасадорка која е во официјална посета на Битола. Амабасадорката за австриската библиотека донираше околу 50 тина наслови на книги
- Денеска за австриската библиотека дониравме околу 50 тина книги, од кои повеќето се за дечињата, изјави Рената Коблер, амбасадор на Р.Австрија во Р.Македонија

- Во Австриската библиотека досега имавме околу 3000 наслови на книги, така што овие книги кои што ни ги донираше австриската амбасадора се од големо значење за нас, а посебно за најмалите, истакна директорот на библиотеката Науме Ѓоргиевски.
- Единствено во Битола имаме австриска библиотека со која можеме да се гордееме, бидејќи покрај тоа што граѓаните можат да читаат и да изнајмуваат книги туку се организираат и културни манифестации, изјави Валентина Илиева, почесен конзул.
Во знак на соработка и пријателство обете страни си разменија и подароци.