“Млади библиотекари”

Печати

( 8 Гласа )

Ученици од ОУ „Гоце Делчев“ од Битола подготвија работилница во Австриската читалница што е во рамките на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
„Нашите ученици од шестто, осмо и деветто одделение во склоп на библиотекарската секција “Млади библиотекари”, подготвија работилница во Австриската читалница на тема „Мира Лобе и нејзините дела“.

Работилницата се состоеше од литературно читање на германски јазик на делото „Баба во јаболкница“, сликовито прикажување на текстот од книгата, квиз за Мира Лобе и нејзиното дело и краток цртан филм „Малото јас сум јас“. Почесниот австриски конзул д-р Валентина Илиева ја посети нашата работилница и ги награди нашите ученици.“ – изјави Маја Дамевска, училишен библиотекар во ОУ „Гоце Делчев“.
На работилницата присутни беа наставничките по германски јазик  Елена Поповска и Афродита Алиевска, др. наставници и ученици од ООУ Гоце Делчев и соработниците на Австриската библиотека од Битола.
Директорката на училиштето „Гоце Делчев“ г-ѓа Билјана Рахманова Тасева истакна дека од голема важност се ваквите активности кои им помагаат на учениците да дознаат повеќе за австриската и германската култура и јазик.