„Österreich liest“

Печати

( 7 Гласа )

На ден 07.10.2016 година, ученици од ОУ „Гоце Делчев“ - Битола подготвија работилница во Австриската читалница што е во рамките на НУУБ „Св. Климент
Охридски“ – Битола. Во чест на манифестацијата „Österreich liest“ која се одржува не само во Австрија,туку во повеќе земји во Европа во период од 3-10 Октомври, се обработи делото „Dani Dachs will eine rote Kappe“ или на македонски јазик „Јазовецот Дани сака црвена капа “.
Работилницата се состоеше од литературно читање на дело од австриската авторка Кристине Нестлингер. Учениците барајќи низ книгите во Австриската читалница од Кристине Нeстлингер се одлучија за ја прочитаат книгата „ Dani Dachs will eine rote Kappe“.Преводот го работеа со помош на електронски и книжен речник. Фотокопирани слики од сликовницата ги исекоа и ги залепија во рачно изработена празна сликовница, а потоа преведените делови ги впишаа во празната сликовница покрај сликите. Како краен производ се доби рачно изработена сликовница преведена на македонски јазик. За успешно завршената работилница, сите ученици вклучувајќи ја и публиката добија слатки работи и книги на македонски јазик од авторката Кристине Нестлингер од почесниот австриски конзул и раководител на Австриската библиотека д-р Валентина Илиева.