Австрија чита, место за средба- библиотека, 2016

Печати

( 5 Гласа )

Во рамките на овој најголем австриски фестивал на литературата 2016 „Австрија чита, место за средба - библиотека“, Австриската библиотека во Битола организираше литературно читање, на кое што беа поканети да учествуваат учениците од О.У. „Ѓорѓи Сугарев“. Почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева заедно со учениците прочитаа две приказни од детскиот криминален роман: „Моцарт и атентатот во операта“. Во соработка со наставниците по германски јазик: Ана Савеска и Ирена Миленковска, учениците ги превзедоа улогите на Моцарт, на господинот Шиканедер, неговата ќерка Кати, потоа оперската пеачка Ана Готлиб и нејзиниот брат Амадеус, додека д-р Илиева го читаше наративниот дел и на тој начин, воспоставена е една топла и пријатна книжевна атмосфера. За успешната интерпретација на улогите и активното учество во литературниот настан, почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева на учениците учесници им подари пригодни подароци.