18. Општински натпевар „Млади библиотекари“, 2018

Печати

( 2 Гласа )

На 2.11.2018 во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа 18. Општински натпревар „Млади библиотекари“, на кој зедоа учество ученици од основните  училишта од Битола и по  еден ученик од училиштата во  с. Бистрица, с. Новаци, с. Могила, с.Добрушево и с.Долно Српци,  со вкупно петнаесет  претставници.

Тричлената комисија во состав: претседател Илче Стојановски, виш библиотекар, член Гордана Пешевска, библиотекар советник и член  Александар Крстев, библиотекар, по завршувањето на одговорите на прашањата од страна на учесниците, ги прегледа тестовите и ги соопшти резултатите:

Според утврдените правила за овој натпревар на 19. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што ќе се одржи во Народната библиотека „Илинден“ – Демир Хисар на 16.11.2018 г., ќе учествува ученичката од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, која освои најмногу бодови, а тоа е:  Ана Долевска со освоени 105 бодови од вкупно 117.